Општина Неготино
Спортскиот клуб „Луј Брај“-Неготино организираше шаховски турнир PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов и претседателката на Советот на општината Роза Јаневска присуствуваа на започнувањето на турнирот во шах кој се одржа во просториите на Здружението на слепи лица од нашиот град-настан со кој и тие дадоа придонес во активностите за одбележување на Денот на ослободувањето на градот. Турнирот, кој се одржува со строго почитување на ковид-мерките, го отворија градоначалникот Стојанов, претседателот на Спортската федерација на слепи лица Благоја Мишевски и шаховскиот велемајстор Трајче Недев.
Станува збор за пријателски шаховски турнир организиран од спортскиот клуб „Луј Брај“ од Неготино и на кој учество зедоа по четворица натпреварувачи од Здруженијата на слепи лица од Неготино, Кавадарци и Кочани. Градоначалникот Стојанов истакна дека членовите на Здружението на слепи лица секогаш ќе ја имаат неговата безрезервна поддршка при релаизацијата на зацртаните програмски активности.

 

Read more...
 
Одбележан 8-ми ноември – празникот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Одбележувањето на празникот на општина Неготино започна со положување на свежо цвеќе и поклонување пред  спомен бистите на паднатите борци од НОБ со што им беше оддадена почит за нивното херојство и нивната жртва  шти ги дадоа за да може денеска да ја славиме 77 годишнината од ослободувањето на Неготино. Активностите продолжија со одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино на која свое обраќање имаше првата жена претседателка на Советот Роза Јаневска која истакна дека се залага за чесно и транспарентно работење и повика на вклучување на сите заинтересирани граѓани во процесот на носење на одлуки, кои според Јаневска, ќе бидат во интерес на сите граѓани на општината. Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов на присутните на седницата и на сите граѓани на општина Неготино им го честиташе  Денот на ослободувањето истакнувајќи дека сака граѓаните да го перцепираат како човек во системот кој е подготвен заедно со нив да ги менува работите на подобро и дека е отворен за соработка за сите кои и мислат добро на општината. Во обраќањето градоначалникот Стојанов ги набројав трите проекти кои ќе бидат реализирани во првите 100 денови од неговиот мандат и повика на сплотеност во остварувањето на декларираните заложби сите заедно Неготино и населените места да ги направиме поубави и попристојни места на живеење. На свечената седница се доделија наградата 8-ми ноември која оваа година ја доби Територијалната противпожарна единица Неготино,а признанија им беа врачени на Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков од културата, Блаже Лазовски од образованието, Стојче Наков од областа на науката, Илија Ѓорѓиев-рекреативен спорт, а посебно признание се додели на ЈЗУ Здравствен дом Неготино за справување со корона кризата во нашата општина. Седницата заврши со свечен концерт подготвен од учениците и вработените од Основното музичко училиште Владимир Арсовски од Неготино. 
Read more...
 
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8-МИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

Поради присуството на пандемијата од Ковид-19 и почитувањето на пропишаните здравствени протоколи, годинава одбележувањето на празникот 8-ми ноември ќе биде со редуцирани содржини, со единствена цел за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Свечените активности во понеделник, на самиот ден на одбележување на празникот, ќе започнат со положување на свежо цвеќе на спомен-бистите на паднатите борци од НОБ во паркот до зградата на општината од страна на повеќе делегации со почеток од 10 часот.

 

 
Започна акција за чистење на дивите депонии на подрачјето на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Согласно Програмата за животна средина, од денеска се започна со расчистување на дивите депонии чие постоење беше детектирано од страна на стручните служби и кои ги има на повеќе локации во општина Неготино. Се стартуваше со активности за расчистување на дивата депонија на патот Тимјаник-Д.Дисан, а собраниот смет ќе се транспортира и депонира на градската депонија „Бучето“. Изведувач на работите е фирмата „Глобал транспорт“-ДООЕЛ Криволак, вредноста на проектот изнесува 450.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино со кои ќе се расчистат повеќе депонии, а проценките се дека ќе се отстранат околу 1.500 м3 смет од повеќе депонии на подрачјето на нашата општина.

Read more...
 
Четврток ќе биде приемен ден за граѓаните на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов ја информира пошироката јавност дека негов приемен ден за граѓаните ќе биде секој четврток во периодот од 09,00 до 12,00 часот кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може оствари средба со првиот човек на општината. Пријавувањето за прием кај градоначалникот ќе се врши на приземјето во зградата на општина Неготино. Се апелира до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Стојанов да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот.

 
Познати добитниците на наградата и признанијата по повод празникот „8-ми ноември“ PDF Print
There are no translations available.

  Советниците во Советот на општина Неготино на одржаната седница ги донесоа одлуките за доделување на наградата и признанијата по повод празникот „8-ми ноември“ – Денот на ослободување на Неготино. Наградата 8-ми ноември се доделува на Територијалната противпожарна единица Неготино за особени заслуги за заштита на цивилното население и општите добра во огромните пожари кои ја зафатија нашата држава. Признанието 8-ми ноември се доделува на Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков од областа на културата, Блаже Лазов од областа на образованието, Стојче Наков од науката и Иле Ѓорѓиев од областа на рекреативниот спорт. Советот на општината донесе одлука за доделување посебно признание 8-ми ноември на ЈЗУ„Здравствен дом“ Неготино за справување со корона кризата на територијата на општината. Наградата и признанијата на добитниците ќе им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов на свечената седница на Советот на општината која ќе се одржи во понеделник на 8-ми ноември-Денот на општина Неготино. 
 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 32 of 314