Општина Неготино
ОПШТИНА НЕГОТИНО НА 7-мо МЕСТО ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација, со поддршка на Програма спроведувана од Центарот за институционален развој и поддржана од Швајцарската агенција за развој, во изминатиот период беше извршено истражување на транспарентноста на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија. Според критериумите застапени при истражувањето, а според утврдениот степен на транспарентност, локалната самоуправа Неготино се наоѓа на високото 7 – мо место во цела држава од вкупно 84 локални самоуправи.Според организаторите и спроведувачите на анкетата, целта на истражувањето била да се направи анализа на состојбите со транспарентноста и отчетноста на локалните самоуправи, да се изготват препораки за зголемување на нивната транспарентност и да се унапреди соработката со граѓанското општетство – клучни области во развојот на децентрализирана Македонија.
 
ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ ,, СВЕТИ ТРИФУН ,, PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на голем број граѓани, на градскиот плоштад во Неготино и годинава, по 11-ти пат, беше организирана прослава во чест на  верскиот празник ,, Свети Трифун,, - заштитникот на лозарите и винарите. Со желби оваа година лозовите насади да дадат богат и квалитетен род, а производителите навреме да си ги добијат чесно заработените пари, обредниот чин на симболично закројување на виновата лоза го изврши заменик – претседателот на Владата на РМ и министер за финансии Зоран Ставревски, а пригодно обраќање пред присутните имаше и домаќинот на прославата – градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Во продолжение од програмата министерот на земјоделство Љупчо Димовски, вицепремиерот Зоран Ставревски и евроамбасадорот Ерван Фуере на најуспешните индивидуални производители на ракија, бели и црвени вина има доделија пригодни награди, а како посебна атракција беше претставувањето и дегустирањето на ,, Најголемата неготинска пита ,, долга 20 метри и широка 40 сантиметри направена во фурната на приватната компанија Јадран, сето тоа пропратено со богата културно – уметничка програма.

Read more...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

  Локална самоуправа Неготино и стручните служби во администрацијата наскоро ќе започнат постапка за изработка на Детален урбанистички план за СРЦ Младост, односно за просторот кај спортската сала Младост. Со цел за собирање на што е можно повеќе предлози околу идниот изглед на овој простор, се повикуваат граѓаните на општина Неготино  да доставуваа свои предлози, размислувања и можни решенија на општинскиот мејл This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или овде.
 
Конкурс за идејно решение за Градскиот центар PDF Print
There are no translations available.

На распишаниот конкурс пристигнати се 5 идејни решенија, подолу од текстот можете да ги погледните понудените идејни решенија :

Проект број 1:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 2:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 3:

Слика бр. 1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 4:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 5:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

 
НОВАТА ГОДИНА ДОЧЕКАНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Ниту студеното време, ниту ниските температури, не беа пречка голем број граѓани на општина Неготино Новата 2011-та година да ја дочекаат на градскиот плоштад, каде што втора година по ред од страна на локалната самоуправа беше организиран заеднички дочек на најлудата ноќ во годината. Овојпат, за забавата и доброто располежение на присутните се погрижија Тајчи, Вардарски бисери, Владимир Пасинечки, група Чардак и Дуо Форте, додека како специјални гости на вечерта свој настап имаа девојките од Студиото за ориентален танц ,, 1001 ноќ ,, од Скопје. Новата Година беше дочекана со спектакуларен огномет, а неколку минути по полноќ на присутните, но и на сите граѓани, среќни новогодишни празници со желби за многу здравје, среќа, љубов и успех во животот им посака градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. За времетраењето на организираниот дочек на Новата 2011-та година на градскиот плоштад беа поставени штандови на кои угостителските работници и винарските визби за присутните нудеа вкусна храна и квалитетни пијалаци.

Read more...
 
КРЕДИТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА PDF Print
There are no translations available.

  Советот на општина Неготино донесе одлука за издавање гаранција на обврските на ЈКП ,, Комуналец ,, за негово кредитно задолжување кај Република Македонија за финансирање на проектот ,, Водовод и канализација на општините ,,. Станува збор за одлука со која се гарантираат сите плаќања на ,, Комуналец ,, кои произлегуваат од договорот за заем за користење на финансиски средства обезбеден од Кредитната банка за обнова – KFW за финансирање на проект со кој се очекува подобрување на состојбата со водоводната и канализационата мрежа во неготинска општина.

Read more...
 
<< Start < Prev 301 302 303 304 305 306 307 308 309 310 Next > End >>

Page 304 of 314