Општина Неготино
Се бара мораториум на сеча на шума во туристичката населба „Бела вода“ PDF Print
There are no translations available.

  Да престане неконтролираната сеча на шума во месноста ,,Бела вода"- побараа од Здруженија на граѓани од Неготино на средбата со градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, додавајќи дека единствената патека до изворите е целосно уништена. На состанокот беше истакната потребата од заштита на ова рекреативно место и се побара мораториум на сеча на шума во туристичката населба во која има повеќе викендички и која нуди идеални услови за одмор и рекреација.Градоначалникот Горан Стојанов информираше дека е запознаен со проблемот и дека во рамките на надлежностите на локалната самоуправа, а во соработката со државните инспекциски служби, ќе направи се да се стави крај на неконтролираната сеча на шума во ова подрачје.

Read more...
 
Општина Неготино ќе исплаќа 7.000 денари надомест за секое новородено дете PDF Print
There are no translations available.

   На предлог на градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, врз основа на Законот за локална самоуправа и Стаутот на општината, советниците во Советот на општина Неготино на седницата одржана на 15.11.2021г. ја усвоија одлуката за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во општина Неготино. Со одлуката, општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на општина Неготино ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете. Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од Буџетот на општина Неготино за 2021 година како помош за новороденчиња. За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана.

 
Институтот „Ромалитико“ презнтираше проекти за заедничка реализација со општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

 На одржаниот состанок со претставниците на Институтот за истражување и анализи на политики „Ромалитико“, покрај честитките за изборот на Горан Стојанов за градоначалник на општина Неготино, беше презентиран проектот кој тие го спроведуваат „Заедно за просперитетна заедница“ финансиран од Агенцијата на САД и меѓународен развој УСАИД чија цел е воспоставување и промовирање на одржливи системи на локален развој кои ќе бидат иницирани од Ромската заедница обезбедена преку локални акции креирани согласно потребите на заедницата кои ќе бидат координирани со сите локални чинители кои ќе придонесат за себеодржливост на локалниот развој на општината. Во локалните активности предвидено е Ромската заедница да планира, учествува во финансирањето и да имплементира решенија за развојните предизвици и приоритети. Градоначалникот на општина Неготино Стојанов ја истакна подготвеноста за соработка на овој план со цел за развивање на институционална соработка за имплементација на активностите од овој проект и поддршка на процесот на интеграција на Ромската заедница во општина Неготино. 

 
Работна средба со претставници на Здружението на пензионери Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на реализацијата на редовните работни обврски, денеска на мое големо задоволство остварив работна средба со претставници на Здружението на пензионери од општина Неготино. На истата, од нивна страна бев информиран за тековните активности што ги реализираат, за претстојните проекти и активности, како и за функционирањето на нивното Здружение. Оваа средба ја искористив да истакнам дека за претставниците на Здружението на пензиионери секогаш и во секое време сум и ќе бидам отворен за соработка се во интерес на остварувањето на заложбите да имаат достоинствен пензионерски живот. Исто така, ги запознав дека во рамките на финансиските можности, секогаш ќе ја имаат мојата и поддршката на општина Неготино при спроведувањето на активностите на Здружението.


 

 
Се одржа регионален саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот регион PDF Print
There are no translations available.

  На саемот организиран од Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на Вардарски плански регион и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ учество зедоа 4 организации, градски здруженија и невладини организации од Општина Неготино и тоа Еко Вита,Здружение на слепи лица ,Стари Занаети  и ООУ Страшо Пинџур со иновација на ученици-иноватори и професорки носители на проект иновација.
На саемот учесниците и посетителите имаа  можност да погледнат презентации на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од Вардарскиот регион и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност. На саемот беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка. Како заедничка цел на одржаниот саем во присуство на претставникот Барбара Садовска-тим лидерка на проектот беше потврдена понатамошната подршка, соработка и координација помеѓу локалната самоуправа, институциите и здруженијата,организации и невладини организации низ практики и работа на општинско ниво со взаемна соработка.


Read more...
 
Во градскиот Музеј презентиран „Златниот антички наод од Тремник“ PDF Print
There are no translations available.

  Изложба на фотографии од ексклузивниот златен антички наод пронајден во археолошкиот локалитет "Орманков гроб", с.Тремник, општина Неготино, единствен на Балканот и пошироко, феноменален во изработката на филигранство и гранулација, презентиран во Келтен-Ромер Музеј во Манхинг-Германија, заедно со златната маска и нараквица од Охрид, вкупна тежина 1.018 гр., 22% каратно злато, датира од IV-III век п.н.е....Златниот антички наод се состои од две монети-статери: една на Филип II и Александар III, златен ѓердан составен од висулци во вид на лешник, два ѓердани составени од кружни алки со еден ред гранулации, медаљон со претстава на Посејдон, една тоалетна кутија (пиксида), ѓердан со кружни алки со три реда гранулација, четири фибули, четири цилиндри како завршетоци на ѓерданите и две палмети во срцевидна форма. Изложбата содржи 30 фотографии изработени на форекс, врамени, со димензии 100х70 цм., На фотографиите е претставен златниот антички наод во најразлични комбинации со објаснување и легенди напишани на македонски, англиски и француски јазик. Изложбата е практична и изработена да биде презентирана и пред други институции со што ќе се презентира археолошкото богатство и културното наследство од општина Неготино пред пошироката јавност. Особено сме благодарни што во присутните посетители беа двајцата сведоци кои присуствувале во археолошкото ископување и откривањето на овој ексклузивен наод од с.Тремник во 2008 година. Своето искуство и доживување од археолошкото ископување еден од сведоците го презентираше и раскажа пред присутните.
Денес овој златен антички наод се наоѓа во НУ Археолошки Музеј на РСМ во Скопје!
Изложбата е финансирана од страна на министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година!
Настанот беше збогатен со убави класични композиции како “Дојранка“ од Трајко Прокопиев и др., изведени на клавир и флејта од страна на Емилија Кабранова Филипова и Силвана Чулева Атанасова.
 
 
Read more...
 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 31 of 314