Општина Неготино
Концерт за флејта и пијано во Музејот на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во изложбениот салон на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа концерт за флејта и пијано во изведба на младата Тамара Лазарова-флејта и Наташа Трбојевиќ-пијано. Концерт се одржа во соработка со Музичката Академија при Универзитеот “Гоце Делчев“ од Штип. Беа отсвирени врвни и професионални изведби од Bohuslav Martinu, Jules Demersseman и Carl Reinecke - соната и концерти за флејта и пијано.
Тамара Лазарова е од Кочани и е апсолвент на Музичката Академија под менторство на проф.Златка Митева. Учествува во различни јавни и културни настани како “Штипско културно лето“, “Петровденски конаци“ во Кочани, во 2017 година освојува прва награда на Меѓународниот фестивал “Полихимнија“, Скопје. Во 2018 година своето образование го усовршува во Кина во “Zheijang Conservatory of Music“-Hangzghou, Republic of China, под менторство на проф.He Jing. Своето образование во Кина го завршува со солистички концерт.
 



 
 
Ќе нема организиран дочек на Нова година, украсувањето на градот ќе биде скромно PDF Print
There are no translations available.

   Поради актуелната пандемија со корона вирусот, но и поради присутната енергетска криза, како и во повеќето општини во државата, и во Неготино нема да има организиран дочек на Новата 2022 година на градскиот плоштад. Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов смета дека масовните собирања и групирања во моменти кога корона вирусот и тоа како е присутен во општина Неготино не се воопшто потребни, бидејќи може да се влоши состојбата со корона вирусот и на тој начин да се зголеми бројот на заразените во нашата општина. Што се однесува до новогодишното украсување на градот, истото ќе биде со постоечките реквизити и декорации со кои општина Неготино располага од предходните години, а според градоначалникот Стојанов, ако има потреба ќе се издвои симболична сума за дополнителни украси, со единствена цел сите сограѓани од најмладите до највозрасните да можат да ја почуствуваат атмосферата на новогодишното празнување.

 
Поставена хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек PDF Print
There are no translations available.

  Со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек на влезот и излезот во и од Неготино, комплетно се финализираа работите на овој проект. Стручните служби при локалната самоуправа истакнуваат дека со поставувањето на сигнализацијата протокот на возила ќе се одвива побрзо и побезбедно, а тоа пак значи зголемена безбедност во сообраќајот за сите моторизирани граѓани, како и за пешаците, уште повеќе ако се има предвид фактот дека во близина е и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ каде што настава посетуваат ученици  кои се движат токму на оваа локација.

Read more...
 
Се асфалтираат 2 улици во Тимјаник во должина од 450 метри PDF Print
User Rating: / 1
PoorBest 
There are no translations available.

   Во рамките на ТАВ програмата, во Тимјаник во тек е целосна реконструкција со тампонирање и асфалтирање на 2 улици во вкупна должина од 450 метри. Едната улица (9) која се асфалтира е во должина од 158 метри и со ширина од 5,5 метри со поставување на дренажни цевки, а вредноста на работите изнесува 2.120.000 денари. Асфалтирањето на втората улица (14) е во должина од 285 метри и со ширина од 5,5 метри, а вредноста на работите изнесува 2.900.000 денари, со тоа што на оваа улица е изведен зафат со поставување на решетка за одводнување на атмосверските води. Изведувач на работите е градежната фирма „Градба промет“.

Read more...
 
Претставници на амбасадата на САД во работна посета на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Денеска остварив работна средба со претставници на амбасадата на Соединетите Американски Држави и со претставници на Армијата на Република Македонија за цивилна соработка со населението кои беа во посета на општина Неготино. На средбата од нивна страна бев информиран за претстојната воена вежба која во месец мај, наредната година, ќе се одржи на Армискиот полигон Криволак. Разговаравме и за досегашната соработка на амбасадата на САД и општина Неготино преку која во моментов се спроведува проект за оградување на СОУ,, Св. Кирил и Методиј во нашиот град. На средбата договориме соработката да продолжи и наредната година преку заедничка реализација на проекти кои ќе бидат од корист за локалната заедница.

 

 
Во неготинскиот музеј се одржа концерт на дуо Кировски PDF Print
There are no translations available.

  Во општинската установа Музеј на град Неготино се одржа концерт на Дуото КИРОВСКИ, во состав на Љубиша Кировски (виола и виолина) и Маја Шутевска-Кировска (пијано). Камерното дуо Кировски е оформено во 1993 година и од основањето до денес има реализирано бројни настапи во државата и надвор од неа како: Хрватска (Загреб, Риека, Осиек, Пула), Србија (Белград, Нови Сад, Подгорица), Полска (Варшава, Краков), Италија (Трст, Фиренца), Швајцарија (Лозана), Бугарија, Англија (Лондон), САД (Њујорк), Германија, Северен Кипар. Во 1997 година дуото специјализира на Европската Моцарт Академија во Варшава, во Лозана се усовршуваат за изведба на сонати за виолина и пијано, во 1998 година се добитници на Специјалната награда на Ц.Е.И. (Централно Европска Иницијатива) на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио ди Триесте, Италија..
Репертоарот на дуото опфаќа дела од барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото Кировски посебно го негува македонското музичко творештво, редовно изведувајќи дела од македонски композитори. Така и во рамки на концертот одржан во градскиот музеј во Неготино беа изведени сонати за пијано и виолина од Х.Виетан, Ф.Сај, И.Фролов...но највпечатлива беше изведбата на прекрасната преработка на македонска песна “Јовано, Јованке“ и одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на аргентинскиот гениј Астор Пјацола со изведбата на познатата “Вуелво ал сур“... со тоа беше удостоена неготинската публика со прекрасно и крајно професионално изведен камерен концерт.
Концертот е поддржан од страна на министерството за култура на РСМ и се одржа според протоколите за заштита од КОВИД-19.



 

 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 30 of 314