Општина Неготино
Општина Неготино oбезбеди финансиски средства за поддршка на Ромите PDF Print
There are no translations available.

  Во соработка со Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов го потпиша Договорот за финансиска поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите. Во таа насока, Министерството на локалната самоуправа Неготино ќе и додели неповратни средства во иснос од 120.118 денари кои се строго наменски за реализација на активности за подобрување на состојбата на Ромите во општина Неготино. Добиените средства општина Неготино ќе ги насочи кон организација на повеќе настани и активности во делот на имплементацијата на Стратегијата на Ромите. Со договорот, општината се обврза да достави извештај до Министерството за локална самоуправа, најдоцна до 30-ти ноември 2022 година.

 
Расчистени стеблата од столбовите на мостот на реката Вардар PDF Print
There are no translations available.

  Како резултат на обилните врнежи од дожд дојде до зголемување на водостојот на реката Вардар, а тоа пак придонесе на столбовите на мостот да се соберат стебла кои го попречуваат нормалниот тек на реката и можат да придонесат за оштетувања на мостот. За таа цел, општина Неготино ангажираше специјализирана фирма која денеска реализираше активности за одглавување на насобраните стебла со нивно сечење со моторна пила и нивна дислокација на соодветен простор за тоа.

Read more...
 
Училишен час во кабинетот на градоначалникот PDF Print
There are no translations available.

  На мое огромно задоволство денеска во мојот кабинет имав можност да ги примам и да се задржам во разговор со учениците од 4-то одделение од ООУ Гоце Делчев заедно со нивната наставничка Весна Јованова. Посетата беше во рамките на спроведувањето на наставната програма преку која учениците се запознаваат со функционирањето на општина Неготино, кои се правата, обврските и надлежностите на градоначалникот, како се избира градоначалник и колку трае неговиот мандат и слично. Искрено, бев позитивно изненаден од одличните познавања на учениците стекнати преку наставата за работата на градоначалникот и општината, а средбата ја искористивме учениците да постават и повеќе прашања до мене, на кои од срце и со задоволство дадов соодветни одговори.

Read more...
 
Расчистена депонијата кај социјалната зграда во Неготино PDF Print
There are no translations available.

 Покажувајќи општествена одговорност, фирмата „Саше мигоз“ од нашиот град во координација со локалната самоуправа и без финансиски надомест, со сопствена механизација и работна рака, изврши комплетно расчистување на депонијата кај социјалната зграда во Неготино. При реализацијата на оваа активност, собрани се смет, земја и шут кои со 10 камиони се транспортирани на градската депонија Бучето.

 

Read more...
 
Општина Неготино набави хлор за третман на вода за пиење во населените места PDF Print
There are no translations available.

  За потребите на Јавното претпријатие „Комуналец“ општина Неготино изврши јавна набавка на натриум хипохлорит (хлор) согласно годишните потребите на комуналното претпријатие. Хлорот ќе биде наменет за третман на водата за пиење,т.е. прочистување во населените места во општина Неготино кои со вода за пиење не се снабдуваат од градскиот водовод, односно во селата Војшанци, Пепелиште, Криволак, Тремник, Д.Дисан, Курија и Црвени Брегови и тоа во случај на заматување на водата за пиење и нејзино хлорирање. Станува збор за набавка на количина од 11.000 килограми натриум хипохлорит за третман на водата за пиење во предходно споменатите населени места, хлор кој е според стандардот МКС FN 901: 2013 или еквивалентен.

 
Прием за освојувачите на медал на Балканскиот куп во кик бокс PDF Print
User Rating: / 1
PoorBest 
There are no translations available.

   Денеска остварив прием за членовите на Кик бокс клубот Гладијатор од Неготино на кој од нивна страна бев запознат со одличните резултати кои тие под водство на тренерот Ѓорѓи Вучков ги постигнаа на Балканскиот куп Балкан бест фајтерс кој се одржа во Ниш на почетокот на овој месец. Бев информиран дека Марија Јанева го освоила првото место и златен медал и е прогласена за најдобар борец на татами на турнирот, Душица Стојанова е освојувачка на бронзен медал, Јадранка Темелкова го освоила 4тото место, а Роберт Костовски се враќа со сребрен медал со напомена дека поради повреда не можел да настапи во борбата за златен медал. На сите членови на Кик бокс клубот Гладијатор и на нивниот тренер им честитав за одличните резултати, им посакав успех на идните натпреварувања и ја искажав мојата заложба за континуирана поддршка за сите спортисти и спортски клубови кои со своите успеси придонесуваат за личен развој и за афирмација на спортот во општина Неготино.  
 

 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 29 of 314