Општина Неготино
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ ТИМЈАНИК – ДОЛНИ ДИСАН PDF Print
There are no translations available.

   После долги години, започнаа градежните активности за комплетна реконструкција и асфалтирање на еден од најфреквентните и најоштетените патни правци на територијата на општина Неготино, патот Тимјаник – Долни Дисан. Работници на градежното претпријатие Гранит веќе извесен период се на терен и ги изведуваат неопходните подготвителни пред стартот на главните работи на овој патен правец. Инвеститор е Агенцијата за државни патишта на Република Македонија, а потребните средства во висина од околу 27 милиони денари за спроведување на првата фаза од проектот се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Според проектот, предвидено е вадење на стариот асфалт, тампонирање, проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри и потоа асфалтирање на патот во должина од близу 3 километри. Останатиот дел од патот Тимјаник – Долни Дисан во должина од околу 1,5 километар ќе се реконструира и асфалтира со средства во висина од 12,5 милиони денари преку Програмата за рурален развој од Агенцијата за поддршка на земјоделието, а од истата Агенција обезбедени се и 7,5 милиони денари за  партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Исто така, општина Неготино ги обезбеди потребните средства од 17,5 милиони денари за реконструкција и асфалтирање на 800 метри од патот Вешје-Горни Дисан.

Read more...
 
Се гради мултифункционално игралиште во населбата Саат-кула PDF Print
There are no translations available.

   Течат грдежните активности за изградба на мултифункционалното игралиште во населбата Саат-кула во Неготино. Според основниот проект, во состав на овој спортски комплекс ќе има игралишта за фудбал, ракомет и кошарка кои ќе претставуваат одлична можност младите, и не само тие, дел од слободното време да минуваат во спорт и рекреација.Потребните финансиски средства во висина од 7 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а покрај изградбата на игралиштата предвидено е поставување на ограда околу нив, како и рефлектори со единствена цел терените да можат да се користат и во вечерните часови.Се очекува работите околу изградбата на мултинаменското игралиште во Неготино да завршат до крајот на тековнава година.

Read more...
 
НОВО ИГРАЛИШТЕ ВО СКЛОП НА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО ТИМЈАНИК PDF Print
There are no translations available.

   Учениците од подрачното училиште во Тимјаник кое дејствува во склоп на Општинското основно училиште Гоце Делчев од Неготино добија ново игралиште за мали спортови и тоа фудбал, кошарка, одбојка и ракомет. Ова игралиште е од голема важност за 68-те ученици кои ќе можат активностите по физичко и здравствено образование да ги реализираат во нормални услови, а бенефитите ќе ги уживаат и останатите млади од Тимјаник кои ќе можат да ги користат терените за чија изградба беа реализирани средства во висина од  350.000 денари.

Read more...
 
Библиотеката „Страшо Пинџур“ ги прогласи најчитателите во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино на пригодна свеченост на која присуствуваше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги прогласи и ги награди најчитателите кои за време на летниот период изнајмиле и прочитале најмногу книги.На читателите кои по извршениот мониторинг за изнајмени и прочитани книги беа прогласени за најдобри од страна на директорката Данаилова и градоначалникот Апостолов им беа доделени дипломи и пригодни награди.За најчитатели од основните општински училишта беа прогласени Кристина Василева, Александра Шијаковска, Даниела Василева, Владанка Тефова и Игно Јанчев, додека од средното училиште Св. Кирил и Методиј библиотеката за најчитатели ги прогласи Кристина Николова и Павлинка Ристова.Во категоријата возрасни за најмногу прочитани книги пригодни награди добија Маргарита Пиштолова и Ана Симонова.

Read more...
 
ПРИЕМ ЗА УЛТРАМАРАТОНЕЦОТ СИМОНОВСКИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ PDF Print
There are no translations available.

   Професорот по физичко и здравствено образование Зоран Симоновски кој беше еден од 16-те учесници на ултрамаратонот кој се трчаше од Нова Градишка до Крушево во чест на 6-годишнината од загинувањето на македонската легенда Тоше Проески денеска беше примен од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при што во краткиот разговор ги пренесе импресиите од ова , за него, несекојдневно доживување. Симоновски потенцираше дека тој е првиот ултрамаратонец од Неготино кој има земено учество во маратонот и во детали го запозна првиот човек на општината со рутите кои ги трчал заедно со своите колеги,  се до пристигнувањето и поклонувањето пред вечното почивалиште на Тоше во Крушево. Неготинскиот маратонец ја потенцираше и неопходната поддршка од техничкиот организатор професорот Наум Капрачевски и додаде дека благодарение на одличната организација, активностите од маратонот течеле според утврдената динамика. Градоначалникот Апостолов го поздрави успехот на Симоновски, му посака учество и на други вакви и слични манифестации, со порака во истите да се вклучат и други млади заинтересирани граѓани од општината.

Read more...
 
Наградени иновациите на ученици од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Ученици од Неготино ги покажаа своите иновативни способности за што добија и вредни награди на младинското креативно творештво на  саемот “Макинова 2013”, кој се одржа во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ. , информираше денес претседателот на Здружението на граѓани “Ековита” од Неготино, Сашко Тодоров. Седмоодделенецот Филип Пушкинов со експонатот “Хидрауличен багер” освои еден златен медал, две златни плакети и парична награда. Кристина Тодорова, средношколка од прва година во средното општинско училиште “Свети Кирил и Методиј”   освои  златен медал за експонатот “Производство на храна од инсекти”.

Read more...
 
<< Start < Prev 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Next > End >>

Page 265 of 314