Општина Неготино
ПОСТАВЕНИ РЕКВИЗИТИ НА ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ МУЗЕЈОТ ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на заложбите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и на локалната самоуправа за создавање што е можно поголем број катчиња за најмладите од градот и населените места, опрема и реквизити се поставени и на детското игралиште лоцирано во непосредна близина на градскиот Музеј. Колку за потсетување, вакви и слични реквизити се поставија на уште две локации – централното градско подрачје и детскиот забавен парк во населбата Саат-кула, а нивната  масовна посетеноста од страна на најмладите, говори дека станува збор за проект кој во потполност ги оправдува вложените средства. Меѓу другото, поставени се клупи, масички, нишалки со две седишта, лулашка со седиште, справа за одење со раце и многу други реквизити кои на најмладите им овозможуваат забава, а нивните повозрасни најблиски истакнуваат дека вакви пријатни и безбедни катчиња претставуваат одлични места каде што сите заедно можат во пријатна и релаксирана атмосфера да поминуваат дел од слободното време.
Read more...
 
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КФВ БАНКА PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на реализацијата на проектот што општина Неготино го спроведува со поддршка на Владата на Република Македонија и Германската КФВ банка за обнова и развој, а со единствена цел за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна средба со претставници на консултантскиот тим на банката преку која се обезбедени средствата за спроведување на проектот. На средбата, градоначалникот Апостолов ги информираше соговорниците за досегашните активности кои локалната самоуправа во соработка со ЈП Комуналец ги има реализирано на терен, за изработката на проекти кои би биле финансирани во втората фаза од проектот, како и за динамиката на изведување на активностите во периодот што следува. Предходно, претставниците на консултантскиот тим престојуваа во локалното комунално претпријатие каде што за тековните активности беа информирани од страна на директорката Наташа Лазова.
Read more...
 
САНИРАНИ УДАРНИТЕ ДУПКИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на добиените сознанија од извршените теренски согледувања од страна на стручните служби при локалната самоуправа, како и пристигнатите сугестии од страна на населението, општина Неготино пристапи кон санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот каде што е констатирана потреба од изведување градежни зафати. За таа цел беа ангажирани работници на градежното претпријатие Гранит кои интервенираа и извршија санација на ударните дупки на улиците 8-ми Ноември, Борис Кидрич, Првомајска и други улици во Неготино. Притоа, најпрво се изврши отстранување на стариот асвалт, чистење на просторот и поставување на нова асвалтна маса на местото на ударните дупки. Од локалната самоуправа се надеваат дека ќе се постигнат очекуваните цели од реализираните активности преку зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, и тоа како на моторизираните граѓани, така и на пешаците.
Read more...
 
БЕТОНИРАН ДВОРОТ НА СЕМЕЈСТВОТО ИВАНОВИ ОД НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   За рекордно краток временски период беше реализирана иницијативата на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов за комплетно уредување на дворното место на семејството Иванови од Неготино, при што е извршено бетонирање на споменатиот простор. Уредувањето на дворот се изврши со единствена цел да се овозможи непречено движење на медицинските колички во кои се сместени двете деца на Иванови – Драгица и Стефан кои боледуваат од церебрална парализа и се неподвижни, а токму движењето со количката им овозможува контакт со надворешниот свет. Најблиските на децата велат дека со уредувањето на дворното место, сега движењето на медицинските колички е занчително олеснето, што беше и основната цел при спроведувањето на ова хумана акција.
Read more...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА ,, МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО – ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ ,, PDF Print
There are no translations available.

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници на локалната администрација и вработени во ЈП Комуналец со засадување на рози на повеќе локации во градот се вклучија во Националната еколошка акција за засадување на рози под мотото ,, Македонија земја на цвеќето-земја на розите ,,. Кампањата, според зборовите на градоначалникот Апостолов, се спроведува по повод Денот на пролетта со единствена цел масовно да се засадат што е можно повеќе рози кои при денешната акција беа посадени во реконструираниот забавен парк во населбата Саат-кула, пред единаесеткатницата, долж улицата Маршал Тито, кај градскиот Музеј и на други локации, при што беа засадени над 600 рози. Розата, покрај тоа што е повеќегодишно цветно растение кое лесно се одгледува, има и исклучителна способност да ги акумулира тешките метали од водата, воздухот и почвата. Може да живее од 20 до 30 години, цвета уште во првата година од засадувањето и е расцветана 200 денови во годината.

Read more...
 
<< Start < Prev 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Next > End >>

Page 255 of 314