Општина Неготино
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Print
There are no translations available.

 Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година,предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Mакедонија 2011-2015 година за активната програма,Општокорисна работа,Општина Неготино во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 14.05.2014 година,објавува
                                               ЈАВЕН ОГЛАС
                                                       до
Невработени евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот
1.    Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 14.05-21.05.2014 година( 5 работни дена).
2.    Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6000 ,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа неделно, со вклучени персонален данок и осигурување од повреда на работно место.
3.    Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, може да се пријават за вршење на работи и работните задачи за 7 работни места како Асистент – помошник на воспитувачот( во игрални за деца од предучилишна возраст во населенитеместа: Тимјаник, Долни Дисан, Војшанци, Тремник, Пепелиште, Криволак,Црвени Брегови)

Read more...
 
Отворено градско првенство во шах – Неготино 2014 PDF Print
There are no translations available.

 Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по трет пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2014. Првенството ќе започне на 23 мај (петок) во 17.00 часот, и ќе се одржува во ТИЦ Желкова куќа (на вториот кат). Истото ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на ГШК Неготино ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 23 мај (петок) до 13.00 часот.

 
СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

Согласно Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Неготино, а во соработка со локалната самоуправа,  на 10.05.2014 (сабота) во ООУ Страшо Пинџур во нашиот град ќе се одржи регионалниот натпревар ,, Детски семафор ,, на кој учество ќе земат екипи од Неготино, Велес, Кавадарци и Д. Капија  кои покажаа пак најдобри резултати на предходно одржаните општински натпревари. Учество ќе земат по 3 екипи составени од по 6 натпреварувачи  од 4,5 и 6-то одделение, како и по двајца натпреварувачи од 7,8 и 9-то одделение.Пригодните награди-пехарите за екипен пласман, признанијата и благодарниците за учесниците ги обезбедува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
 
ВО НЕГОТИНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА PDF Print
There are no translations available.

   По повод ,, 7-ми Мај ,, - Денот на македонската полиција во полициската станица во Неготино со пригодна свеченост се одбележа официјалниот дел од  годинашното одбележување на денот на македонската полиција. Присутните најнапред  со полагање на свежо цвеќе му  оддадоа почит на нашиот покоен сограѓанин Косте Волкановски кој како припадник на МВР го загуби животот во воените дејствија во 2001 година, при што цвеќе полжија делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, припадници на Полициската станица Неготино, претставници на Армијата на РМ, членови на полицискиот синдикат и други присутни. Во своето обраќање, градоначалникот Апостолов на сите припадници на полицијата им го честиташе празникот и им посака да имаат што помалку работа, а исто така го потенцираше и фактот дека благодарение на примерното и коректно однесување на граѓаните, општина Неготино спаѓа во редот на најмирните општини во Република Македонија. Апостолов рече дека досегашната соработка помеѓу локалната самоуправа и ПС Неготино е на високо ниво, изразувајќи надеж оти истата ќе продолжи и во иднина.
Read more...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино од 01.05.2014 го 31.05.2014 година ќе се врши упис на ученици во 1-прво одделение.
Уписот ќе се врши од 12,00 часот до 15,00 часот при што детето треба да дојде заедно со родителот и со себе да понесе лична карта.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС НА УЧЕНИКОТ СЕ:
1.Извод од матична книга на родените;
2.Потврда од Здравствен дом за примени вакцини;
3.Потврда за систематски преглед на орална празнина од стоматолог.
Во учебната 2014/15 година ќе се врши упис на деца-ученици во прво одделение родени во 2008 година и месец јануари 2009 година.
                                                                                          ООУ,,Гоце Делчев,, Неготино
 
МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СЕЛОТО ТРЕМНИК PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за запознавање со текот на работите од втората фаза за изградба на фекална канализација, денеска во работна посета на село Тремник престојуваа  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, кои на лице место извршија увид како се одвиваат градежните активности. Министерот Јанакиески информираше дека станува збор за проект вреден околу 13.000.000 денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски од Европската инвестициона банка преку проектот Водоснабдување и одведување на отпадни води, при што со реализацијата на истиот целото село ќе биде покриено со фекална мрежа, а ќе се гради и одводен колектор и прочистителна станица. Градоначалникот Апостолов истакна дека станува збор за изградбана примарна мрежа од 3 краци од кои 1 во должина од 1.269 метри е целосно изведен, а во моментов течат работите на останатите 2 краци во должина од 1.682 метри. Со проектот ќе се изгради и одводен колектор во должина од 2.304 метри, како и изведба на прочистителна станица која ќе биде предтретман за примарно прочистување на водата. Министерот Јанакиески и градоначалникот Апостолов додадоа дека работите кои ги изведува ГД Изгрев течат според утврдената динамика и се очекува целиот проект да биде завршен до крајот на месец септември.
Read more...
 
<< Start < Prev 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Next > End >>

Page 254 of 314