Општина Неготино
Честит празник Свети Сава PDF Print
There are no translations available.

Почитувани припадници на српската заедница во општина Неготино, православни христијани !
Во мое лично име и во име на општина Неготино на сите припадници на српската етничка заедница од нашата општина и државата Ви го честитам празникот Свети Сава – националниот празник на Србите во Македонија со желби да имате убав празничен ден, добро здравје и меѓусебно разбирање. Ви посакувам празникот да го поминете во радост и благосостојба.
Нека е честит и за многу години празникот Свети Сава!

 
 
„Приказна низ прошетка“- едукативен проект на неготинската библиотека PDF Print
There are no translations available.

   Локалната библиотека „ Страшо Пинџур“ Неготино започна со реализација на проектот „Приказна низ прошетка“- прв од ваков вид во нашата држава.  Проектот кој се реализира со поддршка на Општина Неготино вклучува трајно инсталирани десет табли во паркот на ул.„Маршал Тито“ спроти Музеј на град Неготино на кои има поставено содржини адаптирани за деца. Содржината креирана од библиотеката ќе се менува еднаш месечно. Првата поставка е приказна од енциклопедиски карактер и го опфаќа живиот свет на Арктикот.
„Приказна низ прошетка“ е едукативен проект кој на  работењето на библиотеката и дава една нова димензија,  при што делот на  здравиот развој на децата и едукацијата се промовираат  на еден неконвенционален и иновативен начин. Децата имаат можност низ едукативна прошетка во парк  на забавен начин да читаат приказни и да научат многу нови информации и факти. Оваа прва поставка е замислена како една мала детска „експедиција“  на Арктикот .

 

Read more...
 
Во чест на Свети Трифун ќе се избираат најдобри вина и ракии од индивидуални производители PDF Print
There are no translations available.

   Во чест на верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на на лозјата, општина Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози, а општина Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди. Се информираат сите заинтересирани производители на вина и ракии дека мострите од бели и црвени вина и ракии од реколтата 2021 година во два примероци можат да ги доставуваат секој работен ден од 08 до 15 часот до четврток 10.02.2022 година кај лицето Дени Трајков на трети спрат во зградата на општината, а поблиски информации можат да добијат и на тел,број 078-822-292.
 
Петар Давитковски го фати крстот во водите на Вардар во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Заедно со голем број сограѓани од општината присуствував на настанот кој традиционално се одржува на големиот христијански празник Богојавление-Водици со осветување на водите на реката Вардар и фрлањето на крстот. Десеттина храбри момчиња влегоа во студените води на Вардар, а најсреќен и најбрз од нив беше 21-годишниот Петар Давитковски од Црвени Брегови кој прв го  фати крстот. Од мое лично име и од име на општина Неготино на сите им честитав на храброста, а на Петар му врачив подарок-телевизор. Тој од МПЦ,, Св. Атанасиј,, доби Библија и икона, а од генералниот спонзор Зегин машина за перење. На сите православни христијани од општина Неготино им го честитам празникот Богојавление-Водици со желби за добро здравје и среќа. БОГ СЕ ЈАВИ!

Read more...
 
Прием за Стефани Николова-Балканска вицешампионка во борење PDF Print
There are no translations available.

   На мое огромно задоволство, денеска во кабинетот ја примив нашата сограѓанка Стефани Николова која на последното Балканско првенство во борење во слободен стил у-15 во категоријата до 66 кг стана вицешампионка и се закити со сребрен медал како членка на боречката репрезентација на Македонија. На Стефани, која беше придружувана од тренерот Јане Мелов и членови на Боречкиот клуб Неготино, и честитав на огромниот успех на ова престижно натпреварување на кое учествуваа борачи од сите балкански држави, а кое се одржа во Ксанти-Грција. Воедно, и посакав и во иднина да постигнува врвни резултати кои ќе придонесат за нејзина лична, но и афирмација на општина Неготино, а борењето како еден од најуспешните спортови во градот, како и другите спортисти и спортски клубови кои остваруваат резултати за почит, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка како градоначалник и на општина Неготино.

 
Обезбедени се средства за изградба на улица во Курија во должина од 531 метри PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија во должина од 531 метри. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот  при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет ќе учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2.
 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 26 of 314