Општина Неготино
Дисанци добија игралишта за фудбал и кошарка и детско игралиште PDF Print
There are no translations available.

   Учениците и нивните наставници кои наставата по предметот физичко воспитување ја следат и ја реализираат во подрачното училиште во селото Долни Дисан на располагање добија игралишта за фудбал и за кошарка лоцирани во непосредна близина на школото со што ќе им се овозможи часовите по овој предмет да ги спроведуваат на адекватно и пред се за тоа  безбедно место. Инаку, покрај учениците, двете игралишта ќе можат да ги користат и останатите жители на селото кои овде исто така можат да спортуваат и да се рекреираат. Паралелно, веднаш до двете игралишта, изградено е уште едно детско игралиште наменето за потребите на најмладите дисанци кое ја гарантира нивната безбедност, а за нивна разонода, забава и игра поставени се и повеќе детски реквизити. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при посетата на игралиштата истакна дека тие се изградени со средства обезбедени од општинскиот буџет во висина од 2.000.000 денари и додаде дека се надева оти со нивното ставање во функција ќе се постигнат очекуваните резултати, пред се младите и не само тие, поголем дел од времето да поминуваат во реализирање на спортско-рекреативни активности.

Read more...
 
Tурнир во улична кошарка “Street Ball 2014” PDF Print
There are no translations available.

Општина Неготино и оваа година на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2014”. На турнирот ќе земат учество екипи од Неготино, Кавадарци, Велес и други општини, кои ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка конкуренција до 18 години, машка конкуренција над 18 години и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот.
Турнирот кој ќе трае 3 дена – 19, 20 и 21 август (вторник, среда и четврток), започнува на 19 август (вторник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа спортска манифестација - градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов.
Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 077/679-559, најоцна до 19 август до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди вредни награди.

 
Заврши партерното уредување на центарот во Д.Дисан PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на предвидените рокови за тоа, работници на Урбан инвест завршија со изведувањето на градежните работи во делот на партерното уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Со цел за запознавањето со изведените работи во Д.Дисан престојуваше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој притоа се задржа и во краток разговор со локалното население кое не го криеше задоволството од успешно и квалитетно завршеното партерно уредување на центарот со што тие добија пријатно катче за одмор и релаксација. Сликата на просторот пред локалната црква е сосема изменета со поставени бекатон коцки, урбана опрема и клупи за седење, целиот простор е и допрва хортикултурно ќе се доуредува, изградени се скали и други градежни зафати. Проектот се спроведе со средства во висина од 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а општина Неготино учествуваше со средства од 1.200.000 денари обезбедени од општинскиот буџет.
Read more...
 
Благодарница за градоначалникот од Здружението на слепи лица PDF Print
There are no translations available.

   На нивно барање, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска во својот кабинет ги прими претставниците на Здружението на слепи лица од нашиот град. Членовите на ова Здружение во знак на благодарност за успешната и одлична соработка што ја имаат со првиот човек на општината и контиунираната поддршка што ја добиваат од него и од локалната самоуправа, на градоначалникот Апостолов му врачија благодарница , притоа изразувајќи надеж дека нивото на соработка во иднина ќе биде на уште повисоко ниво. Градоначалникот во своето обраќање истакна дека од денот на стапувањето на функцијата има одлични релации со членовите на ова Здружение и во рамките на расположливите финансиски средства ги помага нивните активности, но и активностите и на останатите категории ранливи групи граѓани. Така, поддршка е дадена за организацијата на турнирот за слепи лица во „ Гол-бал “, за учество на членовите на манифестации кои се одржуваат во други градови во Македонија, а на предлог на Апостолов Советот на општината донесе одлука за ослободување од плаќање на водарина- придобивка која можат да ја користат над 25 членови на Здужението на слепи лица од Неготино.

Read more...
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Print
There are no translations available.

1. Oпштина Неготино, врз основа на Програмата за активности во областа на социјалната заштита  за  2014 година и спроведениот проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини во општина Неготино, има потреба од ангажирање на 1 (еден) работник за замена на привремено отсутен работник на определено време од 9 (девет) месеци.  

2. Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведениот горенаведен проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 13.08.2014година (среда) да достават пријава за заинтересираност со биографија  (CV) до општина Неготино заедно со  бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.
           
3. За да може да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:

-    Да е државјанин на Република Македонија
-   Доказ за завршен VI или VII степен на образование, Педагошки факултет – предучилишна или одделенска насока

4. Изборот на пријавените лица ќе го спроведи стручна Комисија во  рамките на општинската администрација на општина Неготино формирана од Градоначалникот.  

Кандидатите потребните документи да ги достават на следнава адреса

  Општина Неготино ул.,,Ацо Аџи Илов” бр. 2 ,
1400 Неготино

со назнака ,, За јавен повик за аплицирање на кандидати за замена на привремено отсутен работник согласно спроведениот проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини во општина Неготино” .
 
Замена на надворешни прозорци и врати во клон „Мајски цвет“ PDF Print
There are no translations available.

  Од 4  до 27 август ќе се изврши промена на старите и дотрајани надворешни  врати и прозорци  со нови во клон „Мајски цвет“ од ЈОДГ „Фемо Кулаков“во Неготино. Оваа е потреба која подолг временски период општина Неготино заедно со менаџментот на установата го има согледано како приоритетна потреба и континирано го презентира пред разни донатори и расположливи фондови. Како резултат на  досегашната успешна соработка со Амeриканската Амбасада се наиде на разбирање и помошта е обезбедена  преку Humanitarian Civic Assistance (Хуманитарна граѓанска помош) од фондови на програмата „Humanitarian assistance“ на Европската команда на Американската војска. Војници од 412(TEC-theater enginering command) ќе претстојуваат во Неготино во периодот од 4-27 август  додека траат и изведбените активности. Во изведбата ќе бидат вклучени војници од Американскaта војска и од Армијата на Република Македонија.Вредноста на оваа пoмош изнесува околу 35.000 $.
Во Македонија помошта е претставувана преку канцеларијата за воена соработка на Амбасадата на САД во Скопје.
Решавањаето на проблемот со замена на старите надворешни врати и прозорци  со нови алуминиумски ќе значи и чекор повеќе кон остварување на мерките за  енергетска ефикасност и заштеда на енергија во општинските установи, што е воедно и дел од Акциониот план за енергетска ефикасност на општина Неготино.
Read more...
 
<< Start < Prev 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Next > End >>

Page 249 of 314