Општина Неготино
Се санираат штетите од невремето во Војшанци PDF Print
There are no translations available.

   Кажувања за спасен живот на постара жена во последен момент, раскопани улици, работно ангажирани речиси сите жители на селото, поплавени домови и покуќнина, оштетена канализација, расчистување на дворните површини од кал, механизација на терен. Ова е сликата која ја затекнавме денеска при посетата на селото Војшанци кое вчера претрпе огромни штети од надојдените води на Војшанска река која се излеа од коритото, но и од водите кои доаѓале од околните ридови. Неколку куќи во селото имаат претрпено огромни штети и во нив нема услови за живот, па според кажувањата на нашите соговорници, биле принудени ноќта да ја поминат кај блиски роднини или пријатели. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој и вчера и денеска беше присутен во Војшанци истакна дека на жителите чии куќи претрпеа најголеми оштетувања итно ќе им се додели помош во градежни материјали за да можат да оспособат барем дел од просториите каде што би имале услови за нормален живот, како и помош во механизација. Кога сме кај механизацијата, да кажеме дека на повеќе локации во Војшанци истата е присутна и тоа како онаа ангажирана од локалната самоуправа, така и механизацијата на ЈП Комуналец и на Противпожарната единица Неготино, а во расчистувањето се вклучени и сите жители на Војшанци бидејќи речиси и нема локација во селото каде што нема оштетувања. Најкритична е состојбата и најголеми оштетувања видовме на патот од мостот во центарот на селото до фармата на „Дуброво“, движењето со возила е отежнато, но со механизацијата се изведуваат зафати за санирање на состојбите. Градоначалникот Апостолов истакна дека активностите за санирање на штетите продоллжуваат до длабоко во ноќта, но и во текот на утрешниот ден.

Read more...
 
Во 2015-та општина Неготино започнува со реализација на 4 капитални проекти PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов изјави дека оваа година на територијата на неготинска општина е предвидено да се започне  со реализација на 4 капитални проекти кои се од витално значење за остварување на основната цел – подобрување на условите за живеење на сите граѓани од општина Неготино. Така, по завршувањето на проектот „Хидраулични регулирање на притисокот на водата„ кој ги даде очекуваните резултати преку укинување на дневните и ноќните редукции и обезбедување на 24 часовно континуирано водоснабдување во Неготино, ќе се започне со уште 2 проекта за создавање услови за уште поквалитетно водоснабдување. Еден од нив е реконструкцијата на водоводната мрежа на 15 улици во градот во должина од 8 километри со цел за отстранување на постоечките дефекти и намалување на загубите на вода, а вториот е изградба на 2 нови резервоари за вода и тоа во Пепелиште со капацитет од 150 м3 и во Тимјаник со капацитет од 300 м3, со што покрај решавањето на проблемот со водоснабдувањето во овие две села, дополнителни количини вода ќе се обезбедат и за граѓаните на Неготино. Исто така, оваа година се планира да започне изградбата на станебно-деловен објект, градски пазар и паркинг-простор на местото на руинираната сала ДТВ Партизан, а после долги години се очекува да започнат работите за асвалтирање на патниот правец Горни Дисан – Вешје.

Read more...
 
Коле Симјонов по 6-ти пат го фати светиот крст PDF Print
There are no translations available.

   Пријатното и сончево време придонесе неколку илјади граѓани денеска да присуствуваат на чинот на фрлањето и фаќањето на светиот крст во водите на реката Вардар од Пепелишкиот мост,  каде што впрочем и секоја година се одржува овој настан. Ниту надојдените води на Вардар не беа пречка 17 наши сограѓани да ја искажат својата храброст и да влезат во ладните води на Вардар, но сепак најумешен, најбрз и најсреќен да стигне и да го фати крстот и оваа година беше Коле Симјонов. На Симјонов ова му 6-то по ред фаќање на светиот крст од вкупно 9 досегашни обиди, а самиот тој си посака во текот на цела година да го следи здравје и среќа. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов честитајќи им го празникот Богојавленије-Водици на сите граѓани, на Симјонов му додели пригоден подарок од име на локалната самоуправа, а честитки до граѓаните и до Коле упати и пратеничката во Републичкиот Парламент од општина Неготино, д-р Благородна Бојаџиева.
Read more...
 
Работна посета на министерот Јанакиески на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Министерот за транспорт и врски во Владата на РМ, Миле Јанакиески во придружба на градоначалникот Ванчо Апостолов оствари работна посета на општина Неготино која ја искористи да предаде во употреба 2 објекти и да додели решенија за легализирани дивоградби. Така, во селото Тремник во присуство на тамошните жители во употреба беше предаден објектот „ Фекална канализација во Тремник “ – проект вреден 13.000.000 денари обезбедни од ресорното Министерство преку Европската инвестициона банка. Изградена е примарна мрежа од 3 краци во должина од околу 3 километри, како и одводен колектор во должина од 2.300 метри, а неколку куќи веќе се приклучени на новоизградената мрежа.

Read more...
 
Министерот Јанакиески утре (сабота) во работна посета на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Министерот за транспорт и врски во Владата на РМ, Миле Јанакиески утре ( сабота 17.01 ) ќе престојува во еднодневна работна посета на општина Неготино. Според утврдената агенда, Јанакиески заедно со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во 11.00 часот најпрво ќе го посетат селото Тремник каде што во употреба ќе го пуштат објектот „ Фекална канализација во село Тремник “ – проект кој е комплетно завршен со средства во висина од 13.000.000 денари. Веднаш потоа, од 11,30 часот на пригодна свеченост во функција ќе биде ставено мултинаменското игралиште во населбата Саат-кула изградено со средства од Агенцијата за млади и спорт на РМ во вредност од 7 милиони денари, а работната посета министерот Јанакиески ќе ја заврши во кабинетот на градоначалникот каде што од 12,00 часот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Неготино.

 
Активности за формирањето на Локален Младински Совет во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Младите лица од здруженијата на млади, ученичките совети и други регистрирани облици на организирање на младите  кои учествуваа во Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“,кој беше спроведен од страна на Младински Образовен Форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог во партнерство со 12 општини од Македонија меѓу кои е и општина Неготино и е финансиран од Европската унија, до Советот на општина Неготино во согласност со Статутот на општината, поднесоа иницијатива за избор на нови членови на Советот на млади на општина Неготино кој претставува претставничко тело на младите од општина Неготино и кое вклучува претставници од граѓански организации, културни уметнички друштва, помладоци на политички партии, претставници од преседателството на училишните заедници и други форми на младинско  организирање.


 Сите заинтересирани организации и поединци кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават своите апликации до Архивата на општина Неготино најкасно до 06.02.2015 година со следните документи:
1.Портфолио за работа на организацијата/неформалната група/ помладоци на политички партии/ разни облици на здржување
2. Официјално писмо за номинација на член од организацијата/неформалната група/ помладоци на политички партии/ разни облици на здржување  кое содржи портфолио со информации за организацијата и исполнување на критериумите за работа наведени во правилникот за работа
3. CV и Мотивационо писмо за учество од претставникот кој сака да се вклучи во младинскиот совет.

На предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања како постојано работно тело на Советот на општина Неготино,  Советот на Општината ќе ги избере новите членови на Советот на млади.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации на оваа мејл адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Правилник за работа

Повик ЛМС

Пријава на делегат


 
<< Start < Prev 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Next > End >>

Page 238 of 314