Општина Неготино
Вонредна дератизација против глодари во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Постапувајќи по упатствата добиени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и решението добиено од Центарот за јавно здравје од Велес, со средства обезбедени од сопствениот буџет општина Неготино врши вонредна превентивна дератизација против туларемија на подрачјето на цела општина. Со оваа активност се опфаќаат пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, чистење на заштитните зони околу изворните подрачја со цел за заштита од присуство на глодари, а превентивна систематска дератизација се врши и на јавно прометните површини, зеленилото и на депонијата Бучето. Исто така, опфатени се и 900 ревизиони шахти и на подземниот канализациски систем во градот и населените места и тоа на ризични места-жаришта каде што постои можност од присуство на глодари. Инаку, акцијата на терен ја спроведуваат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес со асистенција на претставници од општина Неготино и вработени во ЈП Комуналец.

Read more...
 
Во Неготино се одржа манифестацијата „Маскенбал-2015“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино и образовните установи, по повод 1-ви април Денот на шегата, како и секоја, така и оваа година се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал-2015“ која беше проследен од огромен број посетители. Традиционалното дефиле започна од Градскиот стадион и се движеше по главната улица, по што неколку стотици дечиња под маски пристигнаа на градскиот плоштад каде што на бината се одвиваше централниот настан пропратен со богата културно-забавна програма со хумористични, забавни и денс точки. На годинашниот Маскенбал учество зедоа дечињата од двата клона на Детската градинка од Неготино, ученици од двете основни и подрачните училишта, како и ученици од СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Посетителите на градскиот плоштад имаа можност да го проследат дефилето на децата со стотици маски, секоја изработена на свој начин и со сопствени карактеристики и пораки.

Read more...
 
Во тековнава година ќе се градат тениски игралишта во населбата Саат-кула PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на остварените контакти на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Марјан Спасески потврдено е дека во тековнава 2015 година во Неготино ќе бидат изградени тениски игралишта-проекти кои се дел од Програмата за работа на Владата на РМ и Програмата за работа на општина Неготино. Тениските игралишта предвидено е да се изградат во населбата Саат-кула во непосредна близина на мултинаменското игралиште и комплетно реконструираниот и обновен со нови реквизити детски забавен парк, со што граѓаните од Неготино од сите возрасти на располагање ќе добијат уште еден спортско-рекреативен  комплекс каде што во спортување, одмор и рекреација ќе можат да поминуваат дел од слободното време.

Read more...
 
Општина Неготино ќе врши вонредна превентивна дератизација PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на Законот за комунални дејности и Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на нашата општина, а согласно  заклучоците на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, од понеделник општина Неготино ќе започне со вонредна превентивна дератизација против туларемија со која ќе бидат опфатени околу 900 ревизиони шахти и на подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во градот и населените места на ризични места-жаришта каде постои можност од присуство на глодари. Исто така, со оваа активност ќе бидат опфатени пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, чистење на заштитните зони околу изворните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари, а превентивна систематска дератизација ќе се изврши и на јавно прометните површини и зеленилото, како и на депонијата Бучето. Јавните установи од општината, исто така, треба да извршат превентивна дератизација во сопствените простории. Вонредната превентивна дератизација на подрачјето на општина Неготино ќе ја вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и истата во целост би требало да биде реализирана во рок од 3-4 денови.

Read more...
 
Две театарски претстави во рамките на прославата на Светскиот ден на театарот во организација на Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на програмата за култура, а по повод Светскиот ден на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по четврти пат ја организира прославата на овој ден, кој се слави ширум светот со изведби на голем број театарски прослави и перформанси. Во нашиот град ќе бидат одиграни две одлични театарски претстави - комедиии, во изведба на театрите од сосединте општини Демир Капија и Кавадарци.
Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е урнебесната комедија “Љубовник со висок стил”, на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската група составена од вкупно 12 актери, на 25 март, среда со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на оваа претстава пред неготинската публика.
Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценски перформанс е комедијата “Сомнително лице” од српскиот автор Борислав Нушиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 12 актери - членови на градскиот театар од Кавадарци. Режијата е на режисерот Диме Коцевски, а музиката на Марјан Тодоровски. Петок, 27 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”, почеток 20 часот.

Read more...
 
Соопштение PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на информативниот настан на Фондот за иновации и технолошки развој, што ќе се одржи на 20.03.2015 година во театарот Ј.Х.Џинот со почеток во 11часот. На овој настан ќе биде претставена можноста за финансирање преку инструментот Кофинансирани грантови за стар-ап, спин оф претпријатија и иновации.
Јавниот повик за инструментот е објавен на 18.02.2015година, а периодот за поднесување предлог-проекти е до 18.04.2015 година.
Со цел за подетално информирање во врска со процедурите за аплицирање и содржината на апликацискиот пакет, претставниците на Фондот ќе одржат презентации низ повеќе градови во Република Македонија.

Ве молиме да ни го потврдите Вашето присуство на оваа е-пошта This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или на телефонот (02) 314 5258.  Бројот на учесници е ограничен.
Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани да го погледнат Јавниот повик на веб страницата на Фондот http://fondzainovacii.mk/?page_id=292 и да земат активно учество на информативните настани.
Со почит,
Фонд за иновации и технолошки развој
 
<< Start < Prev 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Next > End >>

Page 233 of 314