Општина Неготино
Ќе се реконструира патот од Неготино до Криволак во должина од 3 километри PDF Print
There are no translations available.

   По обезбедувањето на потребните финансиски средства во висина од 22 милиони денари, започната е постапката за спроведување на законските процедура кои предходат на отпочнувањето на градежните работи на терен за реконструкција и асфалтирање на патниот правец Неготино – Криволак во должина од 3 километри и со ширина на коловозната лента од 5,5 метри. Имено, Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Неготино го објави јавниот тендер за реконструкција на локалниот пат до населеното место Криволак и тоа од спојот со патот Р – 107 до центарот на ова населено место. Заинтересираните, според објавата, понудите можат да ги доставуваат најдоцна до 22 овој месец кога и ќе се случи јавното отворање на истите. По завршувањето на административните процедури и изборот на најповолниот понудувач и изведувач, се очекува старт на градежните работи на терен по чие завршување жителите на Криволак и не само тие ќе добија реконструиран и безбеден патен правец, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и вицепремиерот Зоран Ставрески ќе го исполнат ветувањето дадено пред месното население дека овој пат ќе биде комплетно реконструиран.
Read more...
 
Прием за младите фудбалери од ГФК „Неготино“ PDF Print
There are no translations available.

   Со големо задоволство што остварува средба со дечињата кои се иднината на неготинскиот фудбал, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет ги прими и се задржа во краток разговор со младите фудбалери на ГФК „Неготино“ од генерациите 2004, 2005 и 2006 година, од кои засега најдобри резултати имаат постигнато децата од генерацијата 2006 година. Информирајќи го градоначалникот за постигнатите успеси во првите 4 месеци од годинава, тренерот Зоран Недев го истакна првото место на турнирот во Лерин-Грција, второто место на меѓународниот турнир во Златибор-Србија на кој неготинските фудбалери беа подобро пласирани од своите врсници од гигантот Партизан од Белград, петтото место на турнирот во Прешов-Словачка, како и убедлови освоеното прво место без пораз во Детската фудбалска лига на Македонија-централен регион и освоеното трето место во оваа лига на ниво на Република Мкедонија. Градоначалникот Апостолов јавно на сите дечиња им честиташе на постигнатите успеси посакувајќи им продолжување на истите и во иднина, за што и досега и во иднина ја имале и ќе ја имаат неговата и подршката на општина Неготино, им посака да се оформат во фудбалери со знаења кои ќе придонесат за афирмација на неготинскиот фудбал, односно дека токму тие со својот талент и постигнати резултати се иднината на неготинскиот фудбал.

Read more...
 
Заврши четвртото по ред отворено првенство на Неготино во шах PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино, а  во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино” од 22 до 26 мај во просториите на Туристичко-информативниот центар “Желкова куќа” се одржа четвртото по ред отворено првенство на Неготино во шах. На истото учество зедоа околу дваесетина учесници кои одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино во шах е младиот шахист Тони Лазов кој од седум одиграни партии освои 7 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второпласиран на турнирот е Санде Атанасов кој освои 5,5 поени, а третопласиран е Ѓорѓи Павлов со 4,5 поени. Исто така награди добија и најдобро пласираниот млад учесник и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) на турнирот. Вкупниот награден фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесуваше 17.000 денари, а дипломите и наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов кој воедно беше и покровител на првенството.

Read more...
 
Започна градското првенство во шах „Неготино-2015“ PDF Print
There are no translations available.

   Под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со поддршка на Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот клуб „Неготино“ во просториите на ТИЦ Желкова куќа започна четвртото по ред традиционално отворено градско првенство во шах „Неготино-2015“. Според велемајсторот Трајче Недев кој пред присутните ги презентираше паровите од првото коло, оваа година на турнирот учество земаат околу 20 шахисти од неготинска општина, добри познавачи на оваа древна игра, што пак гарантира неизвесни мечеви во текот на целото првенство. Овогодинашниот награден фонд е во висина од 17.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино при што првопласираниот ќе добие 5.000, за второ место 4.000, за трето место 3.000 денари, а ќе бидат доделени и други пригодни награди. Според утврдената динамика на одигрување на мечевите и нивното времетраење, се очекува отвореното градско шаховско првенство на Неготино да заврши во вечерните часови во понеделник, кога ќе бидат познати најдобрите и кога ќе се изврши чинот на доделувањето на наградите.

Read more...
 
Со 6 тони асвалт се санираат ударните дупки на улиците во градот PDF Print
There are no translations available.

   Со подобрувањето на временската состојба и создавањето услови за изведување на градежни работи, работници на ЈП Комуналец и Македонија-пат со асистенција на стручни лица од локалната самоуправа од денеска започнаа со активности за санирање на ударните дупки на улиците во градот. Во првата фаза се санираат ударните дупки на двете главни улици во Неготино - Маршал Тито и Партизанска, како и потегот од почетокот на улицата Фемо Кулаков се до населбата Тимјаник, додека во втората фаза ќе се санираат оштетувањата регистрирани на сите улици во Неготино. Станува збор за ударни дупки настанати во текот на зимскиот период кога и најчесто доаѓа до оштетување на асвалтот на улиците, а по завршувањето на работите ќе се создадат услови за побезбедно одвивање на сообраќајот и зголемена безбедност на сите учесници во истиот. Потребните средства за оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино и во првата фаза на предходно споменатите улици ќе бидат поставени 6 тони асвалт за санирање на ударните дупки.

Read more...
 
ЧЕСТИТКА ДО МАТУРАНТИТЕ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

  Драги матуранти ! „Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Неготино да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните. Вие, почитувани матуранти, кои сте млади луѓе полни со позитивна енергија располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убеден сум и се надеваме дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе ја подобрите надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери. Вечерва, заедно со раководниот тим на Вашето училиште и Вашите професори ќе го прославите завршувањето на една значајна развојна фаза од Вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, и како и ние возрасните, така и Вие средношколските денови и матурирањето ќе ги паметите целиот живот. На сите матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитам матурирањето, Ви посакувам многу здравје и среќа во живото, како и успех на личен и професионален план“- се вели во честитката од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов до неготинските матуранти.

Read more...
 
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>

Page 229 of 314