Општина Неготино
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Од  Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради отстранување на дефект, утре 07 јули (петок) ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 09 до 17 часот. Како што известуваат  од Комуналец, станува збор за отстранување на дефект на главниот доводен цевковод кој е лоциран на територијата на општина Кавадарци и токму затоа во текот на утрешниот ден стручни екипи на комуналното претпријатие ќе бидат присутни на терен и ангажирани на отстранување на дефектот, а заради непречено изведување на истите, ќе мора да се сопре водата која доаѓа од Лукар до домовите на неготинци. Од Комуналец ги замолуваат граѓаните за разбирање и ги информираат дека веднаш по завршувањето на активностите на терен, водата ќе протече во главниот водоснабдителен систем на Неготино.

 
Советодавно-едукативни работилници во игралните во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на проектот општинско-корисна работа „Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино, во 7-те игрални за предучилишни деца во населените места Тимјаник, Криволак, Пепелиште, Цр. Брегови, Д.Дисан, Тремник и Војашнци беше одржана советодавно-едукативна работилница со родителите и децата. Темата на оваа работилница беше „Сообраќај“ и е прва од планираните 3 од ваков карактер до крајот на годината. Овие работилници се одржаа на 13.07 во Криволак, на 14.07 во Пепелиште, Тимјаник, Цр. Брегови и Војшанци ина 15.07 во Тремник. Преку овие работилници, покрај воспитно-едукативната компонента со родителите на децата, воспитувачите и асистентите се развива и отворена комуникација и соработка со средините каде што функционираат овие игрални и претставуваат иновативна социјална услуга која се одржува веќе четврта година по ред и тоа со средства обезбедени од општинскиот буџет и со средства обезбедени од УНДП, АВРМ И МТСП во делот на дополнителен помошен кадар. Инаку, игралните во овие средини ги посетуваат околу 110 деца на возраст од 3,5 до 5,5 години.

Read more...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

   Од 20 септември до 04 декември во општина Неготино ќе престојува нова група волонтери на Мировниот корпус на САД за време на нивната подготовка за служба, по што заминуваат во градови и села низ цела Македонија каде што ќе живеат и работат во наредните 2 години. Волонтерите се Американци со најразновидно потекло и тие во нашата држава доаѓаат да стекнат работно искуство, да научат повеќе за нашата земја и да ја споделат својата култура. За времетраењето на нивната обука од 11 недели во Неготино волонтерите ќе бидат сместени во семејства-домаќини кои ќе имаат обврски кон нив, но и ќе добиваат паричен надоместок за престојот во нивниот дом во просек  по 3.700 денари за 1 недела. Досега се пријавени 10 семејства-домаќини, но бидејќи се потребни уште, рокот за пријавување е продолжен до 5-ти август. Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат во Одделението за локален економски развој при општина Неготино на трети спрат каде што можат и да ја добијат потребната апликација од страна на заинтересираните семејства-домаќини, на тел. 364-023 или кај лицето Јасминка Дуровиќ на телефон 072/320-841. Активностите треба да завршат до првата половина на звгуст, по што претставници на Мировниот корпус ќе ги посетат семејствата-апликанти и ќе направат избор каде ќе престојуваат волонтерите.

 
Стартуваа работите за конзервација на Саат-кулата PDF Print
There are no translations available.

   Со задоволство можам да информирам дека денеска и официјално започнаа активностите поврзани со проектот „Конзервација на Саат-кулата“ во Неготино кој се реализира со заедничка соработка на Музејот на град Неготино, општина Неготино и Министерството за култура од чија страна за работите во текот на оваа година се издвоени средства од 500.000 денари, додека општина Неготино учествува со средства од 800.000 денари. Активностите од првата фаза од овој мошне значаен проект содржат стручни геомеханички истражувања на теренот, испитување на статиката на објектот, археолошки истражувања во неговата внатрешност, расчистување и уредување на околниот простор на парцелата каде што е лоцирана Саат-кулата, подготовка на стручен основен проект за конзервација од страна на стручни лица од Националниот конзерваторски центар и отпочнување на главната активност-конзервација и реставрација на споменикот на културата Саат-кула. Основната цел е со комплетното реконструирање на Саат-кулата, уредување на околниот простор со поставување на урбана опрема и сувенирници, Неготино да добие уште еден атрактивен туристички простор и место за прошетки и релаксација на граѓаните на Неготино и потенцијалните посетители. Инаку, општина Неготино има аплицирано за одобрување средства за спроведување на овој проект и до Амбасадата на САД од каде што во најскоро време се очекува одговор.

Read more...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

   По неодамнешното редовно авионско прскање против комарци на територијата на општина Неготино согласно Програмата за превентивна здравствена заштита, се информираат граѓаните на општините Неготино и Д.Капија дека во среда на 22 јули во раните утрински часови од 04 до 06 часот ќе се спроведе уште едно авионско прскање, односно вонредна дезинсекција со цел за ставање под контрола на потенцијални заболувања кои се пренесуваат преку комарци и крлежи. Како и минатиот, и овој пат надзорото и мониторингот над текот на спроведувањето на квалитетот на дезинсекцијата ќе го вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес во соработка со ресорното Министерство за здравство. Токму затоа, се известуваат пчеларите од општините Неготино и Д.Капија за времетраењето на авионското прскање во приод од неколку часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството „аква котрин“ врз безбедноста на пчелните семејства.

 
Градоначалникот Апостолов со честитка за Рамазан-бајрам PDF Print
There are no translations available.

    Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на сите припадници од муслиманска веросиповед од нашата општина со желби за добро здравје и среќа им го честита празникот Рамазан-бајрам кој муслиманските верници го прославуваат во петок, а по едномесечниот пост во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце. Имено, завршува месецот на постот со што верниците и од општина Неготино целосно се чуствуваат гордо и радосно затоа што со послушност, молитви и со добрина го победиле злото и успеале да бидат побожни, а поголемиот дел од верниците од исламска вероисповед овој празник го слават три дена. Инаку, првиот ден од Рамазан-бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија. Честит Рамазан-бајрам !

Read more...
 
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>

Page 226 of 314