Општина Неготино
Одбележан јубилејот – 2 години од почетокот на доделување ваучери PDF Print
There are no translations available.

   Вкупно на 170 млади родители кои во изминатиот период во своето семејство имале новородено дете денеска добија ваучери во вредност од 7.000 денари кои општина Неготино на предлог на градоначалникот започна да ги доделува од 30-ти август 2013 година. Статистичките податоци говорат дека од стартот на проекто до денес наталитетот во општина Неготино е зголемен за цели 19 отсто, или низ бројки во периодо 30 август 2013 до 30 август 2014 година во општината се родиле 176 деца, додека наредната година од 30 август 2014 до 30 август 2015 година се родени вкупно 210 деца. Денеска градоначалникот промовираше уште една дополнителна мерка која ќе се најде на разгледување пред општинскиот Совет со која Апостолов предлага за секое третородено дете од буџетот на општината наместо 7.000, да се доделуваат по 14.000 денари. Исто така, градоначалникот ја промовираше и мерката со која на секое лице од машки пол од неготинска општина на возраст над 40 години кое за прв пат ќе стапи во брак, општина Неготино да му додели финансиска поддршка од 30.000 денари.

Read more...
 
Проектот ваучер од 7.000 денари за секое новороденче ги дава очекуваните резултати PDF Print
There are no translations available.

   Утре се навршуваат 2 години од започнувањето на реализацијата на проектот за доделување на ваучери во вредност од 7.000 денари за секое семејство од општина Неготино кое има новородено дете. Очекуваните резултати се остваруваат, а статистиката говори дека од стартот на овој проект, за 2 години наталитетот во нашата општина е зголемен за 8 отсто. Па така, ако во 2013 година месечно во просек се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 бројката пораснала на 15 деца, додека во првите 8 месеци од тековнава 2015  година во општина Неготино месечно се раѓале по 18 деца. Или уште поконкретно, од почетокот на проектот за доделување ваучери од 30.08.2013 до 30.08.2014 година родени се 176 деца, а веќе наредната година во истиот едногодишен период оваа бројка е зголемена и во периодот 30.08.2014 до 30.08.2015 година родени се вкупно 209 деца. Во текот на утрешниот ден на пригодната свеченост која со почеток од 11 часот ќе се одржи во големата сала на општина Неготино градоначалникот Ванчо Апостолов ќе додели 170 ваучери на семејствата кои имаат новороденчиња.

Read more...
 
Среќна и успешна нова учебна 2015/2016 година PDF Print
There are no translations available.

   Почитувани сограѓани !
Денеска во сите училишта во општина Неготино започна новата учебна година и токму на почетокот од мое лично име и од име на локалната самоуправа на сите ученици кои седнаа во училишните клупи им посакувам успешно совладување на наставните материјали, а на нивните професори и наставници реализација на продуктивен и квалитетен воспитно-образовен процес. Секако, најмногу среќа и успех им посакувам на првачињата кои денеска за првпат појдоа на училиште, кај нив и кај нивните родители возбудата разбирливо е најголема и токму затоа им посакувам што е можно полесно прилагодување и вклопување во новата средина.
Би сакал да ја информирам јавноста дека во пресрет на новата учебна година, трите училишта во градот и останатите кои функционираат во дел од населените места во неготинска општина ги презедоа сите неопходни мерки и активности за успешен старт на школската година. Училниците се варосани и исчистени, извршена е дезинфекција и дератизација, или накратко раководните тимови потпомогнати од наставниот кадар и техничкиот персонал создадоа услови за непречено одвивање на наставниот процес.
Read more...
 
Министерот Наумоф во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Министерот за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Македонија Џери Наумоф престојуваше во работна посета на општина Неготино при што најпрво оствари средба со својот домаќин-градоначалникот Ванчо Апостолов, по што двајцата заедно со своите тимови присуствуваа на отворањето на нов производствен погон во Неготино. Станува збор за инвестиција на наша сограѓанка со подолг престој во САД која одлучила во родниот град да започне бизнис за производство на здрава храна, а министерот Наумоф и градоначалникот Апостолов на лице место се запознаа со процесот на производство и асортиманот на производи кои сопственичката очекува своето место да го најдат не само на македонскиот, туку и на балканските пазари. Доколку работите се одвиваат со очекуваните резултати, отворањето на овој погон ќе претставува увертира во изградбата на фабрика за производство на здрава храна во општина Неготино во која потенцијално работа ќе најдат од 70 до 80 невработени лица.

Read more...
 
Tурнир во улична кошарка „Street Ball 2015“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино како дел од Програмата за спорт, оваа година по осми пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка „Street Ball 2015“. Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот.
Турнирот кој ќе трае 3 дена – 1, 2 и 3 септември (вторник, среда и четврток), започнува на 1 септември (вторник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов.
Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 075/553-800, најоцна до 1 септември до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди парични награди и вкупен награден фонд од 20.000 денари.

Read more...
 
Во среда (02 септември) од 11 ч. ќе се доделуваат ваучери за новородени деца PDF Print
There are no translations available.

   Презентираните резултати за периодот од изминатите 2 години од страна на стручните служби при локалната самоуправа, во потполност ги оправдаа моите очекувања и претставуваат сатисфакција за мојот предлог со цел за зголемување на наталитетот во нашата општина на секое семејство кое има новороденче да му се доделува финансиска поддршка во висина од 7.000 денари. Во среда на 02 септември славиме јубилеј – 2 години од почетокот на доделувањето на ваучерите и по тој повод во големата сала на општина Неготино со почеток од 11 часот ќе бидат доделени ваучерите за новороденчињата на сите родители кои во изминатиот период ја имаат доставено потребната документација. Дека оваа мерка ги дава посакуваните резултати говорат и следните бројки: - во приодот од 30-ти август 2013 до 30-ти август 2014 година за една година во општина Неготино се родиле вкупно 176 деца, додека во периодот од 30-ти звгуст 2014 до 30-ти август 2015 година родени се 190 деца, што претставува пораст на наталитетот во нашата општина за 8 отсто. Или поконкретно, во просек во 2013 година се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 по 15, а во првите 7 месеци од тековнава година бројката е зголемена на 18 новородени деца месечно. Јас како градоначалник и општина Неготино продолжуваме со спроведувањето на оваа мерка и во наредниот период со очекување бројот на новороденчиња континуирано да се зголемува.

Read more...
 
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>

Page 224 of 314