Општина Неготино
Подготвителни работи за реконструкција на водоводот PDF Print
There are no translations available.

   Веќе извесен период во Неготино на терен се реализираат активностите од проектот вреден 38.000.000 денари-средства обезбедени од Светска банка за реконструкција на повеќе од 7 децении стариот и руиниран водоснабдителнен систем на улици во градот во должина од 8 километри. Подготвителните теренски работи започнаа на улицата „Енгелсова“ во должина од 200 метри каде што стручните служби утврдија присуство на најголеми дефекти и огромни загуби на водата за пиење кои на некои места достогнуваа и до 70 отсто од количините кои доаѓаат од Лукар. По завршувањето на работите на оваа, градежната механизација ќе биде активна на улицата „Ило Виларов“ каде што ќе се работи на зафати на водоводната мрежа во должина од 500 метри, а понатаму работите ќе се одвиваат според однапред утврдената динамика и на останатите улици во Неготино. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов беше на терен и на лице место го следеше текот на одвивањето на работите, притоа изразувајќи задоволство што истите се одвиваат според планот, што пак е основен предуслов за навремено завршување на реконструкцијата на водоводот во период од 9 месеци. Апостолов истакна дека доколку временските услови го дозволат тоа, работите на терен можат да завршат и пред предвидениот рок за тоа, а се во интерес веќе престојното лето во Неготино да нема редукции на водата за пиење и населението да има 24 часовно водоснабдување.

Read more...
 
Избран најповолниот понудувач за изградба на резервоар за вода во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на поднесената апликација и потребната техничка документација од страна на општина Неготино, Министерството за транспорт и врски при Владата на РМ го распиша тендерот за избор на најповолен изведувач на работите за изградба на резервоар за вода во с. Пепелиште. Станува збор за изградба на нов резервоар со зафатнина од 210 м3 и изградба на потисен цевковод во должина од 1.216 метри, а истиот ќе се гради со средства во висина од 4.855.928 денари обезбедени од Европската инвестициона банка. Основна цел на овој проект е обезбедување дополнителни количини вода за населението од Пепелиште, посебно за жителите кои живеат во повисоките зони и кое во изминатиот период имаше најголеми проблеми со водоснабдувањето. Деновиве е избран и најповолниот понудувач-фирмата „Жикол“ која ќе го гради резрвоарот и по потпишувањето на договорот доколку временските услови го дозволат тоа ќе стартуваат градежните работи на терен. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека со завршувањето на овој проект ќе дојде до долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Пепелиште кои уште престојното лето ќе имаат континуирано и редовно водоснабдување.

Read more...
 
Соопштение до јавноста PDF Print
There are no translations available.

Од петок (11 ноември) стартуваат подготвителните теренски работи за започнување на реконструкцијата на водоснабдителниот систем во Неготино на улици во должина од 8 километри за што неодамна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша и договорот со фирмата изведувач. Бидејќи станува збор за градежни работи кои имаат специфичен карактер, односно ќе се работи на сечење на асфалтот, ископ на улици и тротоари каде што минува водоводната мрежа и изработка на ревизиони шахти, а движењето по улиците ќе биде отежнато, општина Неготино навремено ќе ги информира граѓаните за тоа на кои улици во градот во определен период ќе се изведуваат градежни работи. Така, од петок се започнува со подготвителните работи на улица Енгелсова во должина од околу 200 метри, а работите се очекува да се одвиваат најмалку во наредните 20-тина денови. Токму затоа, се информираат жителите кои живеат на споменатата улица да ги извадат своите автомобили, трактори, приклучна механизација и други превозни средства за да можат истите да ги користат за времетраењето на изведувањето на работите. Како работите ќе се префрлуваат на други улици, стручните лица од Одделението за односи со јавноста благовремено ќе ги информираат граѓаните, со единствена цел работите да се одвиваат во најдобар ред и да не се создаваат проблеми на населението.

 
Наредната недела започнува реконструкцијата на 8 км водовод во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со финансиски средства во висина од 38.000.000 денари обезбедени преку кредитна линија од Светска банка од наредната недела започнуваат активностите на терен кои се однесуваат на реконструкцијата на водоснабдителниот систем во Неготино на улици во градот во должина од 8 километри, како и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3 кубни во Тмијаник лоциран до посетоечкиот за висока зона Неготино. Денеска и официјално градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорот на фирмата изведувач на работите Алдинг-инжинеринг Александар Дроздовски го потпишаа договорот за работите на водоводот и веќе од понеделник работници на оваа реномирана градежна фирма ќе излезат на терен и ќе стартуваат со работа. Градоначалникот Апостолов истакна дека станува збор за реконструкција на веќе руинираната водоводна мрежа низ кој на одделни улици се губеа и до 70 отсто од количините вода кои доаѓаат од Лукар, а кои по завршувањето на работите ќе бидат минато, со новиот резервоар ќе се обезбедат дополнителни количини вода кои се неопходни посебно во летниот период кога и потрошувачката е зголемена, а паралелно со спроведувањето на уште неколку дргуи проект, крајна цел е веќе престојното лето Неготино да има 24 часовно водоснабдување. Директорот на Алдинг-инжинеринг Дроздовски истакна дека рокот за завршување на работите е 9 месеци, но додаде дека тие ќе сторат се рекоснтрукцијата да заврши и пред предвидениот рок за тоа.

Read more...
 
Одражана третата работилница со родители во 7 игрални на општина Неготино во месец ноември и остварена соработка со Дневниот центар за стари лица во с.Тимјаник PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на Проектот општинско корисна работа ,,Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино,,во месец ноември 2015 се одржа третата  работилница со родители од планираните 3  во 7те рурални игрални.Со ова  сите три планирани работилници се реализираа во планираниот рок.Во присуство на околу 70 родители беа обработени темите ,,Детскиот развој и злоупотроба ,, кои се спроведоа во игралните во  Тимјаник, Тремник,Пепелиште, Војшанци и Криволак,додека темата  ,,Дисциплина,, се спроведе во Долни Дисан и во Црвени Брегови.И оваа работилница предизвика голем интерес и посетеност на околу 70 родители на децата.

Read more...
 
Неготинци масовно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото“ PDF Print
There are no translations available.

   Под мотото „Засади успех“ на повеќе од 100 локации на територијата на Република Македонија, меѓу кои и во општина Неготино, денеска по 16-ти пат се одржа традиционалната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ при што на површина од 930 хектари земјиште во цела држава се засадија околу 3.000.000 дрвца. Како и секоја, така и оваа година сопствен придонес во успешното реализирање на акцијата даде градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој заедно со заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски засадија дрвца на предвидената локација за тоа, заедно со голем број ученици од основните и средното училиште, вработени во јавни и приватни установи, љубители на природата и животната средина, невработени, претставници на невладини организации и здруженија и други категории граѓани. Во заедничката изјава за медиумите, Апостолов и Темелковски го потенцираа значењето на оваа акција и ефектите од истата преку збогатување на шумскиот фонд во цела држава и создавање услови за зачувување и унапредување на животната средина, упатувајќи притоа благодарност до сите кои денеска го искористија пријатното време и се вклучија во акцијата за засадување нови садници. Инаку, граѓаните на општина Неготино денеска засадија околу 20.000 садници чемпрес, багрем и црн бор обезбедени во координација со ЈП Македонски шуми, а паралелно  активности за еколошко уредување на училишните дворови и засадување садници реализираа и учениците од прво до шесто одделение во двете основни училишта во градот и во подрачните училишта во населените места, што значи активности беа присутни на територијата на цела општина Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>

Page 217 of 314