Општина Неготино
Прием за шампионот и вицешампионката во шах на Државното првенство за средношколци PDF Print
There are no translations available.

   Продолжува успешната низа настапи на нашите млади сограѓани-шахисти Ана Петрова и Тони Лазов кои со своите извонредни познавања на оваа древна игра слободно можеме да кажеме станаа „претплатени“ на освојување на медалји и трофеи на локално, државно и меѓународно ниво. Имено, на деновиве одржаното Државно првенство во шах за средношколци во машка и женска конкуренција Тони и Ана уште еднаш на шаховската табла го демонстрираа раскошниот талент и знаење кое го имаат, при што во машка конкуренција Тони Лазов со 5,5 освоени поени од 6 мечеви го освои првото место и златниот медал, додека во женска конкуренција Ана Петрова беше второпласирана и носител на сребрен медал. Денеска прием за Ана и Тони организираше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој средбата ја искористи да им честита на одличниот успех, да каже дека е горд на континуираните успеси на двајцата млади шахисти кои на овој начин, покрај за сопствената, придонесуваат и за афирмација и на општина Неготино, додавајќи дека тие и останатите млади, талентирани и успешни спортисти од нашата општина ја имале и секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа.

Read more...
 
Средба на градоначалникот Апостолов со претставници на Светска банка PDF Print
There are no translations available.

   „Подготвителни работи на терен за реконструкција на водоснабдителниот систем на улици во Неготино во должина од 8 километри-проект на општина Неготино вреден 38.000.000 денари  се одвиваат според однапред утврдената динамика и критериумите на Светска банка“-констатираа при извршениот увид на терен претставниците на Светска банка, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и надзорите н СБ и општина Неготино. Притоа, на терен беа посетени улиците Ило Виларов и Енегелсова на кои веќе извесен период активно течат подготвителните теренски работи и од страна на сите присутните беше искажано задоволство од досегашниот тек на изведувањето на работите, со оптимистички очекувања дека временските услови му одат во прилог на изведувачот, работите ќе завршат и пред предвидениот рок од 9 месеци.

Read more...
 
И з в е с т у в а њ е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат сите заинтересирани лица дека рокот за легализација на дивоградбите e продолжен до 31 март 2016 година, за легализација на бесправно изградените објекти е потребна следната документација:

-    копија од лична карта
-    сметка од струја или вода постара од 2011 година.(од 2010, 2009, 2008, 2007 година ...)
-    административна такса, износ 300 денари
 
79 пакетчиња за 79 детски насмевки PDF Print
There are no translations available.

  Во пресрет на одбележувањето на Новогодишните и Божикните празници  79 дечиња кои дневно престојуваат во игралните и тоа во Тремник 19 дечиња, во Војшанци-14, во Пепелиште и Криволак по 17 и во игралната во Црвени Брегови 12 деца денеска беа посетени од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. За време посетата Апостолов на сите дечиња во име на општина Неготино им подели новогодишни пакетчиња-чин кој кај дечињата измами насмевки и благодарност за добиениот подарок, а за возврат тие пред градоначалникот се претставија со изведба на песнички кои ги научиле во игралните  Целата активност помина во пријатна и весела предновогодишна атмосфера, а согласно утврдената динамика за посета на детските игрални во руралните средини утре (петок) новогодишни пакетчиња ќе им бидат поделени на дечињата во игралните во Тимјаник и во Долни Дисан.

Read more...
 
Заврши третиот традиционален ракометен турнир во кадетска конкуренција “Неготино 2015” PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино, како дел од програмата за спорт, во коорганизација со ракометниот клуб “Вардар - Неготино” овој викенд (19 и 20 декември) во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” го организираше третото по ред издание на турнирот во ракомет за кадети (генерации помлади од ’99). На овој традиционален ракометен турнир учество зедоа четири екипи во машка конкуренција (кадети), една екипа во женска комнкуренција и две екипи во машка пионерска конкуренција. Победник на турнирот во кадетска конкуренција е екипата на РК “Вардар-Неготино” која во финалето го совлада тимот на РК “Торо - Спорт” од Виница, додека третото место и припадна на екипата на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци, која ја совлада втората екипа на РК “Вардар-Неготино”. Во пионерска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РК “Вардар - Неготино” одигра нерешено со екипата на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци. Во продолжение се резултатите од турнирот:

 

Машка конкуренција (кадети)
Трето место
ГРК “Тиквеш” - РК “Вардар Неготино 2” 18:9 полувреме 8:5
Финале
РК “Вардар-Неготино”  - РК “Торо Спорт” 14:9, полувреме 7:3

Пионеска конкуренција
РК “Вардар-Неготино” – ГРК “Тиквеш” 11:11
Ревијален натпревар
ЖРК “Вардар-Неготино” (кадетки) – ГРК “Тиквеш” (пионери) 13:12
Најдобар стрелец на турнирот беше централниот бек на екипата на РК “Вардар-Неготино”, Драган Кузманов кој постига 24 гола на 5 натпревари, најдобар голман е Александар Мицев исто така од екипата на РК “Вардар-Неготино”, а најдобар играч е Димитар Михајлов од екипата на РК “Торо Спорт” од Виница. Во идеалниот тим на турнирот се најдоа Матеј Костов и Стефан Стоименов од РК “Торо Спорт”, Дончо Ефремов и Мартин Петров од ГРК “Тиквеш” и тројца ракометари на РК “Вардар Неготино” - Кире Паланков, Лазе Арсов и Симе Трајков. На најдобрите екипи и поединци на турнирот градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов им додели дипломи и пехари, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници за учество. Генерален спонзор на турнирот беше Кроација Осигурување - Неживот.

 

Read more...
 
Започна тунирот во ракомет „Неготино-2015“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на ракометниот клуб Вардар Неготино и со финансиска поддршка на општина Неготино, оваа година по трет пат  се одржува традиционалниот турнир во ракомет за младински категории „Неготино 2015”. Турнирот  се игра во спортската сала на СОУ “Св. Кирил и Методиј”, а започна со одигрувањето на соседското дерби помеѓу екипата домаќин Вардар од Неготино и Ракометниот клуб Тиквеш од Кавадарци. Покрај овие две екипи, на турнирот учествуваат и екипите на Торо спорт од Виница и РК Делчево и тоа во машка конкуренција (кадети), 2 екипи во женска конкуренција (кадетки) и две пионерски екипи. Турнорот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака остварување на успешни, резултати, фер-плеј во играта и да победи најдобриот тим. Инаку, во финалето ќе се сретнат најдобро пласираните две екипи.  Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат екипите на РКЖ “Вардар Неготино” и ЖРК “Торо Спорт” од Виница, а мечот во пионерска конкуренција ќе го одиграат екипите на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци и домаќинот РК “Вардар Неготино”. 

Read more...
 
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>

Page 216 of 314