Општина Неготино
Директорот на Управата за имотно-правни работи на средба со градоначалникот Апостолов PDF Print
There are no translations available.

  Зоран Крстановски-директорот на Управата за имотно-правни работи на РМ денеска престојуваше во работна посета на општина Неготино во рамките на настанот „Отворен ден со граѓаните“ при што оствари работна средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која се разговараше за актуелни прашања од делокругот на работата на Крстановски и Апостолов. Како што изјави Крстановски, во текот на периодот од 11 до 15 часот сите граѓани на општината денеска имаа можност да се сретнат со него и со локалните претставници на одделението во Неготино на кои се разговара за предмети од имотно-правен карактер, односно станува збор за одржување на контирнуирани средби со населението на кои се слушаат нивните мислења, предлози и идеи и заеднички се работи на разрешување на евентуалните проблеми. Градоначалникот Апостолов информираше дека во текот на денот во попладневните часови заедно со директорот Крстановски ќе остварат работни посети на селата Војшанци, Тремник и Д.Дисан и ќе се сретнат со граѓаните на овие населени места.

Read more...
 
Започна изградбата на резервоар во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Деценискиот проблем што месното население од Пепелиште го има со водоснабдувањето ќе биде решен со изградбата на нов резервоар за вода со зафатнина од 200 м3 и потисен цевковод. На пригодна свеченост стартот на работите го означија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и жители на селото посакувајќи што поскоро завршување на работите кои е предвидено да траат 6 месеци, со што ќе се оствари целта сите жители на Пепелиште, без разлика на местото на живеење, континуирано да имаат вода за пиење. Министерот Мисајловски истакнувајќи ја одличната соработка со градоначалникот Апостолов рече дека она што е ветено се реализира на задоволство на месното население, додека Апостолов информираше дека проектот за изградба на резервоарот чини 6.500.000 денари обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски. Посетата на Неготино министерот Мисјаловски ја искористи на лице место да се запознае со текот на работите за реконструкција на водоводната мрежа во градот во должина од 8 километри.

Read more...
 
Замената на водоводната мрежа се одвива со одлична динамика PDF Print
There are no translations available.

   Започнаа и со интензивна динамика се одвиваат градежните работи за замена на старата и дотраена водоводна мрежа на улица „Ленинова“ во должина од над 500 метри – активност која се одвива во рамките на проектот што локалната самоуправа Неготино го спроведува за замена на старата и дотраена водоводна мрежа на улици во Неготино, а е финансирана со средства од 38 милиони денари обезбедени од Светска банка. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакна дека е повеќе од задоволен од досегашната динамика на изведување на работите изразувајќи убедување дека доколку временските услови го дозволат тоа, може лесно да се случи реконструкцијата на водоснабдителниот систем на предвидените улици да заврши и пред предвидениот рок за тоа од 9 месеци. Инаку, во изминатиот период работи за замена на старата водоводна мрежа која беше и главниот предизвикувач на огромни загуби на вода за пиење се реализираа на уште 4 улици во Неготино и тоа „Енгелсова“, „Ило Виларов“, „Душан Јуруков“ и „Никола Петров“. Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните кои живеат или се движат по улиците на кои се изведуваат работи да покажат разбирање за отежнатото движење во одреден временски период, со напомена дека по завршувањето на замената на водоводната мрежа, сите улици ќе се вратат во првобитната состојба.

Read more...
 
Започна изградбата на 3 улици во Тимјаник PDF Print
There are no translations available.

   По обезбедувањето на финансиските средства во висина од 10.000.000 денари неопходни за реализацијата на проектот, во селото Тимјаник започнаа градежните работи за изградба и асфалтирање на 3 улици во вкупна должина од 1.000 метри. Во моментот се изведуваат зафати на најдолгата улица која води кон гробиштата и земјоделските површини лоцирани во атарот на Тимјаник во должина од 530 метри, при што во консултација со изведувачот, а на барање на населението, истата ќе биде продолжена за уште 30 метри. Работници на фирмата изведувач Градба-промет веќе имаат тампонирано една улица во селото во должина од 260 метри, а со проектот ќе биде изградена и асфалтирана уште една улица во должина од 210 метри. Сите 3 улици ќе бидат со ширина на патот од 5 метри, а се очекува работите да завршат во предвидениот рок за тоа и тимјаничани да добијат уште 3 нови асфалтирани улици.

Read more...
 
„Недела на виното-Св. Трифун 2016“ – Неготино. PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на делегации-гости на денешната прослава во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов започнаа активностите по повод одбележувањето на верскиот празник „Св. Трифун“-заштитникот на лозарите и винарите, додека низ улиците на градот дефилираа членови на 4 културно-уметнички друштва. Централната прослава се одржа на градскиот плоштад во Неготино каде што пригодни обраќања пред присутните имаа вицепремиерот и министер за финансии во Владата на РМ Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кои на сите лозари им посакаа да имаат бериќетна година со богат и квалитетен род кој пак ќе биде предуслов винариите да произведат квалитетно вино кое ќе го најде својот пласман на домашниот и странските пазари. По обредот на осветување на лозата од страна на свештено лице од МПЦ„Св. Атанасиј“, вицепремиерот Ставрески и градоначалникот Апостолов го извршија симболичниот чин на закројување на виновата лоза со што неофицијално го означија стартот на работите во лозарството наздравувајќи со чаша неготинско вино. На свеченоста на најдобрите производители на вина и ракии во категоријата индивидуални производители и винарски визби има беа доделени пригодни награди и признанија,а настанот продолжи со богата културно-забавна програма и дегустација на вина и специјалитети од храна.

Read more...
 
Се одржа дегустација-натпревар на вина и ракии PDF Print
There are no translations available.

   Стручна комисија составена од 8 членови-претставници на Здружението на енолози на Македонија во рамките на активностите од манифестацијата „Недела на виното“ денеска дегустираа и ги оценуваа доставените мостри од вина и ракии и тоа како од индивидулани производители, така и од винарски визби. Карактеристично за овогодишниот натпревар е тоа што е регистриран најголем број на учесници досега, при што во категоријата ракии произвидени од индивидуални производители се оценуваат и дегустираат 18 доставени мостри, бели вина 21 и мостри од 25 црвени вина. Исто така, енолозите ги дегустираа и оценуваа белите и црвените вина произведени од винарии од земјава и странство. Наградите на најдобрите производители ќе им бидат врачени во недела во рамките на одржувањето на централната свеченост по повод Свети Трифун.

Read more...
 
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>

Page 212 of 314