Општина Неготино
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2022 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино


1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да ја поднесат следната документација:
    - Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт;
    - Годишна програма за работа на клубот/сојузот, со финансиска конструкција;
     - Пополнет апликативен формулар за доделување на средства/Образец, објавен на интернет страната на Општина Неготино;
    - Записник од одржано годишно собрание на клубот за 2021 година.
Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да бидат земени во предвид.

Пријавите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино или во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината, на подолу наведената електонска пошта.

Образецот (Пријава) во електронска форма можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници, потребната документација треба да ја достават по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино, со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино, кај лицето Даниел Јакимов.
Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации претставниците на заинтересираните клубови /сојузи  можат да се обратат кај одговорното лице за спорт во општината, на тел. 072/320-842 или на е-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.

О  Б  Р  А  З  Е  Ц за користење на средства од Буџетот на Општина Неготино во 2022 година
 

 

 
Ги доделивме ваучерите за новороденчиња во месец јануари PDF Print
There are no translations available.

Согласно утврдената динамика, денеска имав можност да ги доделам ваучерите за новородени деца на подрачјето на општина Неготино. На вкупно 14 родители кои имале принова во периодот од 01 до 31 јануари, оваа година, им ги доделив ваучерите во вредност од 7.000 денари. Ја искористив приликата на сите да им ги честитам новороденчињата и да им посакам многу здравје и среќа.  

 
Соопштение PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги информира сите заинтересирани правни и физички лица дека во четврток на 17.02.2022 година во салата за состаноци на општината со почеток од 18,00 часот ќе се одржи Јавна расправа за УЗ 8. На расправата ќе присуствуваат градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, советници во општинскиот Совет и дел од администрацијата. На настанот можат да присуствуваат сите заинтересирани со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19.

 
Седница на Совет на општина Неготино 15.02.2022 година PDF Print
There are no translations available.

Седница на Совет на општина Неготино 15.02.2022 година

https://www.youtube.com/watch?v=_TcVyoL2S9o

 
Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ - жени претприемачи во проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)" финансиран од Европската Унија PDF Print
There are no translations available.

Инструкции за апликанти

1.    Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ), со седиште на ул. Гиго Михајловски бр. 4/1/1 од Скопје, (Нарачател), која е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени,  Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР  и Сојуз на стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи

Цел на проектот:
Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа
 
Специфични цели:
Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
Придонес кон видливоста и опфатот на платформата

2.    Предмет на јавниот повик  
Прибирање на апликации за ангажирање на млади „Амбасадорки“ – жени претприемачи, преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го  промовираат и поттикнуваат иновативниот претприемачки  капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво

 

Read more...
 
Награди за најдобрите производители на вина и ракии и ликовна колонија од локални уметници PDF Print
There are no translations available.

По извршената дегустација и оценување на пристигнатите рекордни 144 мостри од вина и ракии од страна на стручната комисија составена од професионални енолози, денеска на пригодна свеченост на најдобрите индивидуални производители на вина и ракии како градоначалник на општина Неготино им ги врачив наградите. Сакам да потенцирам дека покрај 3-те стандардни категории (бели и црвени вина и ракии) поради големиот број мостри воведовме и награди во категоријата розе вина. Еве ги наградените во сите категории:

Црвени вина                        Бели вина                        Розе вина                                  Ракии

1.Стојан Илиев                 1.Ристе Михајлов         1.Стојан Илиев                       1.Гоце Станоевски

2.Горан Јаковевски         2.Стојан Илиев              2.Цветан Јованов                   2.Јован Кабранов

3.Трајан Георгиевски      3.Орданче Иванов       3.Кирил Стојчев                      3.Милан Андов

Пригодните награди во категориите бели и црвени вина и ракии ги обезбеди општина Неготино, а за розе вина „Тохем“, „Винар консалтинг“ и „Прва лозарска кооператива. Присутните на настанот имаа можност да дегустираат од наградените вина и ракии, а паралелно во Музејот на град Неготино се одвиваше  и ликовна колонија на која беа изложени дела од локални уметници. На сите учесници на колонијата од име на општина Неготино им врачив благодарници.

Read more...
 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 22 of 314