Општина Неготино
Општина Неготино обезбеди средства за инфраструктурно уредување на УЗ 8 PDF Print
There are no translations available.

  Асфалтирање и тампонирање на 3 улици во овој дел од градот, поставување на фекална и атмосферска канализација и осветлување на целиот простор-се дел од активностите со кои „Индустриската зона УЗ 8“ во Неготино каде што функционираат повеќе стопанско-индустриски капацитети ќе биде целосно инфраструктурно уредена – информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Средствата, додава Апостолов, се добиени со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Станува збор за инфраструктурно уредување на Урбаната заедница 8 која е лоцирана од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци-проект вреден 5.684.380 денари од кои општина Неготино учествува со 219.225 денари. Се очекува времетраењето на реализацијата на овој проект да биде 4 месеци.

Read more...
 
Реализиран проектот за асфалтирање на 3 улици во Тимјаник PDF Print
There are no translations available.

   Работници на Градежното претпријатие „Градба промет“ денеска ги иведоа завршните градежни работи за асфалтирање на 3 улици во Тимјаник, со што дојде до заокружување и компелтно реализирање на проектот за асфалтирање на предвидените улици.  Имено, во текот на денешниот ден беше асфалтирана и последната, трета по ред, улица во Тимјаник, а во предходниот период се изврши асфалтирање на 2 од кои едната која важи за најфреквентна и која води до селските гробишта и блиските земјоделски површини, како и уште една улица во селото. За спроведување на овие активности општина Неготино обезбеди средства во висина од 10.000.000 денари. Деновиве, градежните работи ќе се преселат и ќе бидат активни и на дел од патниот правец Горни Дисан-Вешје каде што се очекува да започнат асфалтерските работи на една делница од овој патен правец, а наскоро ќе се асфалтира и патот од Калањево до излетничкото место Бела вода.

Read more...
 
Отворено градско првенство во шах – Неготино 2016 PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по петти пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2016. Првенството ќе започне на 20 мај (петок) во 17.00 часот и ќе се одржува во Туристички-информативниот центар Желкова куќа (на вториот кат). Истото ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на Градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 20 мај (петок) до 13.00 часот.

Read more...
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

Се повикуваат граѓаните на општина Неготино на кои ниските температури кои ја зафатија општина Неготино во периодот од 27.03.2016 до 29.03.2016 за овошни насади и 20.04.2016 за лозови и други насади им има нанесено материјална штета истата да ја пријават во просториите на општина Неготино. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот во период од 06.05.2016 година (петок) до 12.05.2016 година (четврток) во архивата на општина Неготино. Лице за контакт од општина Неготино за пријавување на штетите е Митко Толовски контакт телефон 076/212-094. Барањето за настанати штети може да го доставите и по електронски пат преку пополнување на Пријава за излез на лице место која може да се превземе на општинскиот веб сајт negotino.gov.mk и да ја доставите на емаил адреса на општина Неготино This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист). 

Барање за пријавување на материјални штети на земјоделски насади

 
Новиот резервоар во Тимјаник ќе започне да се гради од наредната недела PDF Print
There are no translations available.

   По завршувањето на неопходните земјени работи, создадени се услови  од наредната недела да започнат градежните работи за изградба на новиот резервоар за вода со зафатнина од 500 м3 кој ќе биде лоциран веднаш до постоечкиот во Тимјаник, а на кој досега се извршени неопходните земјени работи. Станува збор, вели Апостолов, за уште еден проект со кој се очекува да дојде до подобрување на водоснабдувањето во градот и тоа за населението кое живее во високите зони и во дел од населените места, а паралелно течат работите и за изградбата на новиот резервоар во селото Пепелиште со зафатнина од 200 м3 вода со чие ставање во функција долгорочно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на пепелиштани. Според градоначалникот Апостолов, по завршувањето на изградбата на новиот резервоар во Тимјаник, истиот ќе биде поврзан со водоводната мрежа во Неготино со обезбедување на дополнителни количини вода за населението од градот.

Read more...
 
Градоначалникот Апостолов го отвори Општинскиот натпревар „Детски семафор-2016г“ PDF Print
There are no translations available.

   Денеска во просториите на ООУ„Страшо Пинџур“ во нашиот град во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за образование и наука и под покровителство на општина Неготино се одржува четвртиот по ред општински натпревар „Детски семафор-2016“. Дејан Нацев-претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информираше дека на натпреварот учествуваат ученици од три основни училишта и тоа „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ од Неготино и „Димката Ангелов Габерот“ од Д.Капија, како и 3 екипи од СОУ„Св.Кирил и Методиј“. Најуспешните од ова натпреварување ќе се стекнат со право на учество на регионален натпревар, а соколку и таму постигнат добри резултати, ќе се натпреваруваат и на државниот натпревар. Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака успех во натпреварувањето со желби да победат најдобрите и најподготвените, додавајќи дека тој како градоначалник и локалната самоуправа водат континуирана грижа за да имаме безбедни и проодни улици како во градот, така и во населените места, што пак придонесува за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 208 of 314