Општина Неготино
Градоначалникот Апостолов домаќин на „скаутот“ на ФК Арсенал Папајоану PDF Print
There are no translations available.

   „Огромна чест и задоволство е што токму Неготино и неговиот градски стадион се избрани за одржување на тренинг кампот на Англискиот премиерлигаш и фудбалски гигант Арсенал на кој млади фудбалери од Југоистична Европа ќе можат да ги покажат своите фудбалски вештини“- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го посети кампот и ја следеше неговата работа, а оствари и средба со „ловецот на фудбалси таленти“ на Арсенал Лакис Папајоану. Инаку, Папајоану во Неготино раководи со фудбалслкиот „Арсенал камп“ за талентирани фудбалери од Југоисточна Европа, а оваа година честа да биде домаќин ја имаше градскиот стадион и градот Неготино чиј прв човек градоначалникот Ванчо Апостолов оствари средба со „скаутот“ на Арсенал и се задржа во краток разговор со неготино. Инаку, во работата на кампот учествуваат 70 млади фудбалери од Македонија, Србија, Грција и Албанија генерација од 2001-2003 година и 2004-2008 година кои добиваат инструкции и тренираат по теркот со кој се работи со младите фудбалери на Арсенал.

Read more...
 
Прием кај градоначалникот за ракометарките и ракометарите на неготински „Вардар“ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска во својот работен кабинет ги прими ракометарките и ракометарите на „Вардар“ од Неготино придружувани од тренерите и членовите на Управата кои ја претставуваа Република Македонија на Меѓународен турнир во ракомет што се одржа во Германија на кој учествуваа вкупно 80 екипи од повеќе држави. На турнирот кој се играше на тревна површина, а секој меч траеше по 15 минути,  машката екипа на Вардар во конкуренција на 8 екипи го освои одличното второ место со 6 победи и само 1 пораз, додека ракометарките го освоија четвртото место во конкуренција на 8 екипи. Градоначалникот Апостолов им го честиташе успехот на двете екипи на РК„Вардар“ истакнувајќи дека како и останатите спортисти и спортски клубови, и ракометарите и ракометарките  ја имале и ќе ја имаат неговата поддршка во рамките на можностите на општината со единствена цел за унапредување на спортот во општината. Членовите на Управата и играчите му се заблагодарија на Апостолов за поддршката и истакнаа дека и понатаму со макотрпна работа и дисциплина ќе се трудат да постигнуваат резултати со кои ќе се афирмира општина Неготино и Република Македонија.

Read more...
 
Заврши асфалтирањето на првите 800 метри од патот Г.Дисан-Вешје PDF Print
There are no translations available.

Во предвидениот временски рок за тоа и со обезбедени средства од страна на општина Неготино во висина од 20 милиони денари завршија градежните работи за асфалтирање на првите 800 метри од патниот правец од Горни Дисан до Вешје. Истовремено, работници на фирмата-изведувач  извршија проширување и тампонирање на дел од патот во должина од близу 2 километри со што дојде до значително подобрување на условите и безбедноста за одвивање на сообраќајот во овој регион застапен со земјоделски површини со најголема застапеност на лозовите насади-локација  каде што секојдневно се упатуваат голем број граѓани од регионот на Дисанијата, од општина Неготино, како и од соседни општини. Станува збор за реализација на првата фаза од проектот за комплетно уредување на  овој пат со поставување на два слоја асфалт на првите 800 метри и со ширина на патот од 5,5 метри, додека асфалтирањето на останатиот дел од патот ќе се одвива во фази.

Read more...
 
Општина Неготино на 15-ти јуни ќе спроведе прскање против комарци PDF Print
There are no translations available.

   Во среда на 15-ти јуни на целата територија на општина Неготино ќе се спроведе дезинсекција за уништување на комарци. Прскањето ќе се одвива со препаратот „аквакотрин“-еден од најефикасните за уништување на комарците и ќе започне околу 22,00 часот со тоа што на почетокот ќе бидат опфатени периферните делови од општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала, ќе се прска во централното градско подрачје. Токму затоа, на населението му се препорачува во овој период да биде попасивно во поглед на движењето во центарот на градот, а до пчеларите и до пчеларските здруженија се апелира навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Средствата потребни за спорведување на акцијата за дезинсекција се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

 
„Македонија без отпад“-Неготино 2016 г. PDF Print
There are no translations available.

  Стотоци граѓани на општина Неготино, владини функционери, спортисти, екологисти и многу други се вклучија и зедоа учество во 5-тата по ред акција „Македонија без отпад“ што се спроведе на дел од територијата на Неготино. Повеќе локации од отпад ги чистеа заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на „Комуналец“ Наташа Лазова и други при што беше собран отпадот на три локации:- приклучниот пат за влез во Неготино од старата бензинска пумпа, двете улици долж булеварот Маршал Тито и просторот околу спортска сала Младост. Самата акција беше реализиран со две цели-да се искорстат овие пролетни денови за остранување на мали и диви депонии од отпад и да се едуцираат граѓаните за подигнување на свеста за штетите од неконтролираното исфрлање отпад.

Read more...
 
Во недела акција „Македонија без отпад“ за почисто Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во недела, на 05-ти јуни, и на подрачјето на општина Неготино ќе се реализира традиционалната акција „Македонија без отпад“ која има за цел преку масовно учество на сите заинтересирани граѓани да се придонесе за отстранување на отпадот на определени локации на кои ќе се изведуваат активностите од оваа акција.. Директорката на „Комуналец“ Наташа Лазова не информираше дека акцијата ќе се одвива на 3 локации, при што ќе се чистат двете улици од Булеварот Маршал Тито, приклучниот пат кон Неготино од старата бензиска на Макпетрол и просторот околу Спортско рекреативниот центар Младост кој неодамна беше комплетно уреден од страна на „комуналци“. Во акцијата најавено е присуство и учество и на заменик-министерот за животна средина во Владата на РМ Стево Темелковски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, вработени во локалната администрација и државни установи, вработени од локалното комунално претпријатие, како и други граѓани кои ќе се вклучат во остата. Организаторите упатуваат јавен апел до сите заинтересирани граѓани кои ќе изразат желба да се вклучат во расчистувањето на Неготино дека акцијата во недела на 05-ти јуни ќе започне од 11,00 часот.

Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 206 of 314