Општина Неготино
Со гребен асфалт ќе се тампонираат улици во селата во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во договор со Министерството за транспорт и врски ќе се обезбеди гребен асфалт од реконструкцијата на патот Неготино-Демир Капија од коридорот 10 кој општина Неготино планира да го употреби за тампонирање на сите улици во селата кои гравитираат во неготинска општина. Во меѓувреме, додека се одвиваат градежните подготвителни работи за асфалтирање на патот од Неготино до Криволак гребениот асфалт започна да се користи со тампонирање на улици во Тимјаник, при што прва која се тампонираше е улицата карши ЗЗ Балкан која беше во исклучително лоша состојба и им правеше големи проблеми на лозарите кои овде го предаваат своето грозје. Во Тимјаник е планирано со гребен асфалт да се тампонираат и други помали улички, по што ќе следува тампонирање на улиците и во останатите села во општината.

Read more...
 
Викендов започнува асфалтирањето на патот Неготино-Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Во моментов работници на фирмата изведувач Ве-груп ги изведуваат подготвителните градежни работи – гребење на асфалт, поставување потпорни зидови и цевки за одвод, по што се очекува веќе престојниот викенд да започне асфалтирањето на патот Неготино-Криволак. Според градоначалникот Ванчо Апостолов, станува збор за сфалтирање на 3 километри од овој патен правец до центарот на селото со средства во висина од 20.000.000 денари обезбедени во соработка со Министерството за транспорт и врски. Новиот патен правец ќе има карактеристики на регионален пат и ќе биде со ширина од 5,5 метри со што ќе се придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот од Неготино до Криволак, бидејќи во минатото токму на овој потег се имаа случено неколку потешки сообраќајни несреќи. Апостолов апелира до возачите да имаат разбирање бидејќи поради одвивањето на работите на патот сообраќајот се одвива отежнато, но додава дека по завршувањето на сите градежни работи, ќе се добие нов, современ, проширен и асфалтиран пат од Неготино до Криволак.

Read more...
 
Изградени нови 600 метри мрежа на паралелниот систем за дворни површини PDF Print
There are no translations available.

   Меѓу многубројните проекти кои општина Неготино ги спроведува со цел за стабилизирање на состојбата со водоснабдувањето е и проектот за изградба на нова мрежа на паралелниот систем за наводнување на дворните површини со технолошка вода. Така, деновиве на постоечкиот паралелен систем доградени се нови 600 метри мрежа на потегот од црквата Св. Атанасиј до населбата Саат-кула што ќе придонесе и оние семејства кои досега немале технолошка вода истата да ја добијат на располагање, а постоечката мрежа пак, ќе се подели на уште 2 крака со кои ќе бидат поставени околу 200 до 300 метри мрежа на паралелниот систем за граѓаните кои живеат на дел од останатите улици во Саат-кула. Основна цел на овој проект според градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов е и граѓаните од овој дел од градот да добијат технолошка вода и истата да ја можат да ја користат, за да останува повеќе вода за пиење и хигиенски потреби. Паралелниот систем се доградува со поставување цевки Ф-100 од 10 бари.

Read more...
 
Во Неготино се одржа изложба на олдтајмери PDF Print
There are no translations available.

   Олдтајмер клубот „ Класик“  во соработка со Општина Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов  викендов ја организираа  манифестациjата Олдаимер Викенд 2016 - Автомобилизам – Туризам на која  учество зедоа сопственици на олдтајмер возила од Македонија и соседните држави. Манифестацијата беше од спортско рекреативен карактер со запознавање на културните и историските места во Македонија со олдтајмер возила кои ја спојуваат историјата и културата. Интересот на олдаимер изложбите е голем и буди емоции и сеќавање на возилата од минатoто, а младите генерации го гледаат прогресот на автомобилот во годините. На настанотк кој се одвиваше на градскиот плоштад беа изложени околу 15 автомобили и неколку моторцикли, а во знак на благодарност за помошта при реализацијата на изложбата, организаторите на градоначалникот Апостолов и на општина Неготино им доделија благодарници.

Read more...
 
Во Неготино започна Државното првенство во кик бокс PDF Print
There are no translations available.

  Извонредно атрактивен спортски настан ќе се одржи овој викенд на 18 и 19 јуни (сабота и недела) во Неготино во спортската сала Младост. Имено, нашиот град е домаќин на Државното првенство во кик бокс во три конкуренции-сениорска, јуниорска и кадетска на кое настапуваат најдобрите кик боксери од Република Македонија, се разбира секој во својата категорија. Организаторот на овој настан кој се одвива под водителската палка на најдобриот шоумен во нашата држава Игор Џамбазов е Кик боксинг федерацијата на Македонија со техничка поддршка на Кик бокс клубот „Гладијатор“ од Неготино и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. На свеченото отворање на Државното првенство и почетокот на борбите градоначалникот Апостолов истакна дека е горд што токму во Неготино се одржува еден ваков значаен спортски настан кој е подржан од него и од локалната самоуправа, како што впрочем подрѓка добиваат сите спортски клубови и спортисти од општина Неготино. Апостолов кој го прогласи натпреварувањето за отворено на сите учесници им посака успех на спортски план со желби да победат најдобрите. Инаку, Државното првенство има и хуманитарен карактерр со тоа што приходот од сите продадени влезници по цена од 50 денари ќе бидат донирани за лекување на нашиот сограѓанин Илија Таневски.
Read more...
 
Министерот Спасов во посета на „Порака“ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Министерот за труд и социјална политика во Владата на РМ Диме Спасов придружуван од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката Гордана Трајковска беше во работна посета на Неготино ви чии рамки престојуваше и се запозна со работата на Дневниот центар „Порака“, а беше посетена и една заедница за организирано живеење на штитениците.„Процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика го поддржува од самото негово започнување и имајќи предвид дека дава одлични резултати, со средства во висина од 16.500.000 денари на годишно ниво и понатаму ќе продолжиме со напорите за подобрување на социјализацијата на лицата со умерен и тежок хендикеп кои се сместени во заедници за организирано живеење“-истакна министерот Диме Спасов . Во вкупно 76 заедници во Македонија 43 се во Неготино и 33 во Волково и во нив престојуваат 76 корисници кои предходно престојувале во установи од затворен тип, а во овие заедници од страна на стручни лица ја имаат целосната поддршка за нивно 24 часовно егзистирање, посетуваат разни настани од јавен карактер и се прифатени од населението во градот. Градоначалникот Апостолов истакна дека општина Неготино имала и ќе има одлична соработка со Дневниот центар „Порака“ преку поддршка за разни манифестации што установата ги организира со цел за спроведување на бројни активности преку директно учество на штитениците на настани кои придонесуваат за нивна социјализација во општството.
Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 205 of 314