Општина Неготино
О Г Л А С PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-258/1 од 11.08.2016 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                            О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на туристичко вовче и реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 01.09.2016 до 24.09.2016 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.500,оо денари од ден за вкупната површина и туристичкото вовче.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 17.08.2016 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.
                         
                                                                                        Општина Неготино
                                                                                 Комисија за јавно наддавање
 
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино секој работен ден има организирано автобус кој ќе поаѓа во 08,00 часот од центарот на градот од пред единаесеткатницата и со кој ќе се превезуваат сите граѓани кои ќе пројават интерес да помогнат во расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме кое зафати делови од градот Скопје. Токму затоа, се информираат граѓаните дека нема потреба да носат алат со себе, бидејќи истиот ќе им биде обезбеден по пристигнувањето во кризните подрачја, туку само треба да бидат соодветно облечени во работнички алишта. Организаторите истакнуваат дека секоја помош е добредојдена и упатуваат јавен апел до сите граѓани од општина Неготино кои можат, да се вклучат и да дадат сопствен придонес во расчистувањето на поплавените подрачја.

 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

   Во врска со отворената покана за поднесување на апликации за обуки за пчеларство во општина Неготино , во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија кој што се спроведуваше во периодот  11.07.2016 до 03.08.2016 , Комисијата за  пријавување, оценување,селекција и избор на кандидати  за учество во 2 циклуса на  обуки за постојни и нови пчелари  ЈА ОБЈАВУВА ЛИСТАТА СО 25  ИЗБРАНИ И ОДБИЕНИ КАНДИДАТИ ЗА ЦИКЛУСОТ ОБУКИ ЗА  НОВИ  ПЧЕЛАРИ. Бодовната листа и рангирањето се достапни на веб страната на општина Неготино и на информативните табли во општина Неготино.
Напомена:За лицата кои се одбиени Комисијата за оценување предложи да биде спроведено интервју и да им биде дадена можност на истите доколку имаат базични познавања или пак се занимаваат со пчеларство а не се регистрирани/евидентирани пчелари да се пријават во групата за ОБУКИ ЗА  ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ .ОГЛАСОТ ЗА ГРУПАТА НА ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО ОБЈАВЕН на 12.08.2016 - 22.08.2016 година
Комисија за оценување на кандидати за ОБУКА ВТОР ЦИКЛУС-НОВИ ПЧЕЛАРИ

1.м-р Лолита Ристова-Претседател на Комисијата и  Проектен менаџер-без право на одлучување
2.Васка Јованова-Секретар на Комисијата и Административно лице за проектот-без право на одлучување
3. Методија Саздов-Консултант О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје-член на Комисијата со право на одлучување
4.Ѓоко Данаилов-ПЕ АПРЗ Неготино-член на Комисијата со право на одлучување
5.Златко Пенков-ПЕ на МЗШВ Неготино-член на Комисијата со право на одлучување

дата  08.08.2016

ЛИСТАТА СО 25  ИЗБРАНИ И ОДБИЕНИ КАНДИДАТИ ЗА ЦИКЛУСОТ ОБУКИ ЗА  НОВИ  ПЧЕЛАРИ

 
Посета на поплавените семејства во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Обилните врнежи од дожд кои и на нашето подрачје беа присутни деновиве предизвикаа штети на повеќе домови на жители  на селото Пепелиште. Наврнатите над 50 литри на метар квадратен поплавија домови, уништија покуќнина, бела техника, земјоделски површини  и друго.Тоа беше повод градоначалникот Ванчо Апостолов да го посети селото, да изврши увид на штетите на домовите на настраданите семејства и најдиректно на терен да поразговара со месното население и да се запознае со нивните проблеми. Градоначалникот ги информираше жителите кои имаат штети од невремето дека до општина Неготино можат да достават пријава за проценка на штетите, а локалната самоуправа веќе има формирано стручни комисии кои ќе излезат на терен и ќе извршат увид и проценка на настанатите штети. Потоа, општина Неготино во соработка со Владата на РМ ќе се ангажира сите жители кои имаат претрпено штети да бидат соодветно финансиски обесштетни.

Read more...
 
Санирани ударните дупки на главната улица во Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино во координација со месното население извршија санирање на ударните дупки во Криволак. Санирани се оштетените места на асвалтниот коловоз од централното подрачје на Криволак па се до војниот полигон. По завршувањето на истите ќе дојде до значително подобрување на условите за одвивање на сообраќајот на овој патен правец, а со самото тоа и зголемена сигурност на сите учесници во сообраќајот.

Read more...
 
Прием за Ване Бошев кој ќе го освојува највисокиот врв во својата кариера PDF Print
There are no translations available.

   Пред заминувањето на 8-дневната планинарска турнеја во Австрија и Германија, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет ги прими младиот Ване Бошев и неговиот родител Орданчо со кои се задржа во краток разговор информирајќи се притоа за престојните планинарски активности на Бошеви. Градоначалникот Апостолов од страна на гостите беше запознат дека Ване ќе се обиде да го освои највисокиот врв во својата кариера Гросвендингер на надморска височина од 3.666 метри со што ќе стане најмладиот планинар од Европа кој го овоил истиот, а паралелно ќе се искачува и на два врвови во Германија и тоа Чукспитс на 2.962 метри и Алспиц на 2.674 метри надморска височина. Апостолов кој континуирано ги поддржува планинарските потфати на Ване со кои се афирмира општина Неготино и Република Македонија му посака успешно искачување на планираните три врвови, со желбо во скоро време по завршувањето на оваа планинарска турнеја да стигне вест дека Ване успеал да ги искачи трите врвови. Инаку, младиот Бошев и неговиот татко од Неготино тргнуваат на 4-ти август, на 5-ти со уште 1 планинар од Охрид застануваа во Предијане од каде заедно со уште четворица српски планинари предводени од искусниот Зоран Павловиќ заминуваат за Австрија и Германија каде што во период од 8 денови ќе се обидат да ги освојат овие три врвови.

Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 202 of 314