Општина Неготино
Традиционалната акција „Македонија без отпад“ во сабота во Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Во сабота на 1-ви октомври во нашиот град во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и асоцијацијата „Ајде Македонија“ ќе се реализира традиционалната акција за почиста животна средина и околина „Македонија без отпад“. Организаторите информираат дека акцијата ќе се спроведува во времето од 09 до 12 часот при што со активности за чистење ќе биде опфатен просторот околу СРЦ Младост и околниот предел. Во активностите за расчистување на просторот ќе се вклучат заинтересирани граѓани, ученици од основните и средното училиште, јавната администрација, здруженија на граѓани, како и екипи на ЈП Комуналец со соодветна механизација и работна рака. Притоа, учениците и останатите учесници во акцијата „Македонија без отпад“ ќе бидат ангажирани за расчистување на локациите околу СРЦ Младост, додека екипите на ЈП Комуналец ќе ја расчистуваат дивата депонија настаната на овој простор. Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат кај лицата Митко Толовски на телефонскиот број 076/212-094 и Бранко Вељанов на 070/376-749.

Read more...
 
Доделени над 100 ваучери за новороденчиња PDF Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост која се одржа во големата сала на општина Неготино со доделувањето на нови над 100 вредносни ваучери беше одбележан јубилејот – 3 години од започнувањето на проектот за стимулирање на наталитетот во општина Неготино . Денеска беа доделени 99 ваучери за новороденчиња, како и 5 ваучери за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. „Од август 2013-та година кога започна примената на мерката за стимулирање на наталитетот,  а која општина Неготино ја воведе како втора по ред локална самоуправа во Македонија, во изминатиот период од 3 години доделивме над 600 вредносни ваучери во вредност од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 14.000 денари  за семејствата кои имаат трето дете и 30.000 за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак“-истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на денешната пригодна свеченост на која беа доделени нови над 100 ваучери и на која беше одбележана 3-годишнината од започнувањето на проектот. Со истиот, потенцираше Апостолов, успеавме да ја зголемите стапката на наталитетот во општина Неготино за околу 20 отсто, а задоволството од проектот редовно го искажуваат и самите корисници на ваучерите кои додаваат дека за нив како млади родители секоја финансиска поддршка е добредојдена, па така и оваа која ја доделува општината. Градоначалникот најави дека реализацијата на овој проект ќе продолжи и во наредниот период.

Read more...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна од 16.08.2016 година во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, за НАБАВКА на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот  за работа со пчели за  едукативни потреби  и обезбедување на заштитна облека за едукативни  цели,со детална спецификација во тендерскaта документација,за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 23.08.2016 вторник  до 12.00 часот,ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 07.09.2016 (среда) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Read more...
 
14 екипи учествуваат на уличниот турнир во кошарка PDF Print
There are no translations available.

   Започна одржувањето на 9-иот по ред традиционален турнир во улична кошарка во Неготино кој го организира локалната самоуправа и чиј покровител е градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Според зборовите на организаторите, оваа година на турнирот учествуваат 14 екипи во три категории и тоа машка-сениори над 18 години, машка-јуниори под 18 години и во женска конкуренција. Турнирот ќе трае заклучно со утрешниот ден (вторник) кога во вечерните часови ќе се одиграат натпреварите за пласман по што ќе бидат познати и најуспешните екипи и поединци. Наградниот фонд изнесува над 30.000 денари-средства кои ќе бидат распределени во зависност од остварениот пласман.

Read more...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-268 од 22.08.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) – НАБАВКИ( SUPPLIES) на опрема за пчелен  парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа, опрема за 25 потенцијални пчелари за проектот,,BEE CONOMY”а во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за НАБАВКА на  НАБАВКИ( SUPPLIES) на опрема за пчелен  парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа, опрема за 25 потенцијални пчелари за проектот,,BEE CONOMY”со детална спецификација во тендерскaта документација.
Набавката е делива
Дел 1: Опрема за пчелниот парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа  и опрема за 25 потенцијални пчелари.
Дел 2:Пчелен парк-сигурност( безбедносна опрема за надворешна училница вклучувајќи поставување во пчелниот парк и обука за користење на опремата) и изнајмување на групи пчели за едукативни цели .
Дел 3: Опрема за пчелен парк  (вклучително поставување  на опремата во пчелниот парк)

Read more...
 
Tурнир во улична кошарка “Street Ball 2016” PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на манифестацијата “Negotino Street Fest 2016”, Општина Неготино оваа година по деветти пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2016”. Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот кој ќе трае 3 дена – 28, 29 и 30 август (недела, понеделник и вторник), започнува на 28 август (недела) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов. Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 075/553-800, најоцна до 28 август (до 17 часот). Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува преку 30.000 денари.

Read more...
 
<< Start < Prev 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Next > End >>

Page 200 of 314