Општина Неготино
Се одржа дегустација на вина и ракии PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на одржувањето на бројни настани од манифестацијата Недела на виното, а во чест на празникот Св. Трифун се одржа и дегустацијата на вина и ракии од домашни производители кои ги оценува стручна комисија од Здружението на енолози на РМ. Годинава пристигнаа рекорден број на мостри - 62 од кои 30 црвени и 18 бели вина и 14 мостри ракија. Наградите на најдобрите градоначалникот  Ванчо Апостолов ќе им ги врачи на централната прослава во вторник на градскиот плоштад во Неготино од 12 часот.

Read more...
 
Недела на виното „Св.Трифун 2017г.“ PDF Print
There are no translations available.

10.02.2017 (Петок)

18.00 Предавање за примена на енолошки средства во производство на вина во домашни услови –м-р Игно Тасев-ТОХЕМ
Mесто: Голема сала на Собрание на Општина Неготино

12.02.2017 (Недела)

10.00-12.00 Организирана дегустација натпревар во вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино
Mесто: Ресторан „Чардак“ Неготино                                    

19.00-Театарска претстава-театар „Крик“-Скопје
Mесто: Дом на култура

13.02.2017 (Понеделник)
10.30-11.30 Предавање за состојба и перспектива на сортата „Вранец“ во
Р Македонија – проф.д-р Виолета Димовска Факултет за земјоделски
науки    Гоце Делчев Штип
Место: голема сала на општина Неготино   

12.00-14.00 Ден на виното „Вранец“-дегустација
Место: Галерија на вино - Mанастир „Св. Ѓорѓи“

18.00 Традиционална копаничарска изложба
Место: Музеј на град Неготино 
                   
18.00 Предавање за заштита на земјоделските растенија и производи - АПРЗ ПЕ Неготино во соработка со „Хемомак Пестициди” - Велес
Место: голема сала на општина Неготино 

19.00 Концерт на домашни и интернационални фолклорни друштва
Mесто: Дом на култура


14.02.2017 (Вторник)

10.00 - 10.30 Прием на гостите во општина Неготино 
10.30 - 12.00 Фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби на бина
12.00 - 12.45 Ритуал на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии
12.45 - 17.00 Централна прослава „Св.Трифун 2017“ Културно - уметничка програма на бина со учество на локални естрадни уметници и групи и посета на промотивни штандови со вино и храна

 

 
ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ PDF Print
There are no translations available.

   Како мој и приоритет на локалната самоуправа го поставив долгорочното решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето на територијата на општина Неготино. За таа цел реализиравме неколку паралелни проекти кои веќе даваат резултати, а со нивната комплетна реализација очекуваме редукциите на вода да бидат минато за неготинци. Започнавме со проектот за хидраулично регулирање на потисокот на водата за пиење, кој беше 10 бари и придонесување за настанување на чести дефекти на повеќе од 60 години старата и дотраена водоводна мрежа. Со овој проект, потисокот го намаливме на 2,5 до 4 бари, ја елиминиравме опасноста од пукање на цевките и губење драгоцени количини вода за пиење, а околу 35 литри вода во секунда се вратени во системот и доаѓаат до домовите на граѓаните. Во 2016 година заврши изградбата и ставени се во функција два нови резервоари за вода со зафатнина од 500 м3 и 250 м3 со кои се обезбедија нови количини вода за жителите од висока зона во Неготино, а се реши и прашањето со водоснабдувањето во селата Пепелиште и Тимјаник. Во моментов го завршуваме и проектот за реконструкција на старата со поставување нова водоводна мрежа на 10 улици во градот во должина од 8 километри, додека во 2017 година продолжуваме со реконструкција на водоводот на уште пет улици во градот.

Read more...
 
Може да се доставуваат мостри од вина и ракии по повод „Св.Трифун“ PDF Print
There are no translations available.

 И оваа година во рамките на одржувањето на манифестацијата „Недела на виното“ која општина Неготино традиционално ја организира во чест на празникот на лозарите и овоштарите „Св. Трифун“ ќе се одржи натпреварот за избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Мостри од вина и ракии можат да доставуваат сите заинтересирани производители, а квалитетот на истите ќе биде оценуван од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија. За пријавување за натпреварувањето потребно е да се донесат по 2 мостри од вино и од ракија во општина Неготино на 3-ти кат кај лицето Ивица Златковиќ од 08,00 до 11,00 часот секој работен ден заклучно со петок 10-ти февриари, оваа година., а информации можат да се добијат на телефонскиот број 072-320-833 од 08,00 до 16,00 часот.  За најдобрите производители организаторот обезбеди пригодни награди и признанија.

Read more...
 
Се состана координативното тело за управување со кризи PDF Print
There are no translations available.

  На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а по најавите на метеоролозите за обилни врнежи од снег и присуство на екстремно ниски температури, денеска се одржа координативен состанок на Управното тело за справување со временски непогоди. На состанокот присуствуваа и активно учество во расправа зедоа претставниците на Полициска станица Неготино, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Центарот за социјална работа, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие Комуналец, претставници на фирмата Павер-трејд со која општина Неготино има склучено договор за одржување на улиците и патиштата во зимски услови, како и вработени во локалната администрација. На состанокот беа утврдени мерките и активностите што секоја установа посебно во рамките на своите надлежности треба да ги преземе во услови на присуство на временски непогоди какви што се најавуваат за наредните денови, со цел за благовремено интервенирање за санирање на состојбите на терен. Градоначалникот Апостолов информираше дека општина Неготино има набавено 20 тони ризла и 5 тони сол кои заедно со расположливата механизација се очекува да бидат доволни за интервенирање на терен и расчистување на улиците и патиштата. Надлежните од Одделението за комунални дејности упатија апел до граѓаните на општина Неготино доколку се остварат очекувањата за обилни врнежи од снег, а согласно законските обврски во случај на временска непогода, дека се должни самоиницијативно да преземат активности за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопански објекти. Исто така, се сугерира возилата да не се паркираат по коловозите и тротоарите, со цел да не се јавуваат проблеми при чистењето на снегот од страна на надлежните служби.

Read more...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

 Ј.П.„Комуналец“ ги известува граѓаните на Неготино дека поради приклучување на реконструираната водоводна линија на ул.„Ќиро Крстев“ на ден 05.01.2017 год.(четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето за целиот град во периодот од 10 до 17 часот.
 
<< Start < Prev 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Next > End >>

Page 193 of 314