Општина Неготино
Плакета за Зафиров за 20 години придонес во областа на спортот PDF Print
There are no translations available.

    Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов имаше средба и му додели плакета за 20 години придонес во областа на спортот и афирмација на општина Неготино и Република Македонија Тоше Зафиров-бодибилдер кој во исклучително богатата и успешна спортска кариреа има освоено се што еден спортист може да освои. Токму тоа беше поводот градоначалникот Апостолов да му додели плакета искажувајќи го притоа своето задоволство и чест што Зафиров потекнува од Неготино и во изминатите 20 години спортска кариера преку настапи на врвни домашни, европски и светски натпреварувања придонесува за афирмација на нашиот град и на нашата држава Македонија. Апостолов порача младите да го следат примерот на Тоше и да инвестираат во спортот, а општината и градоначалникот помагале и ќе ги помагаат сите спортисти и спортски клубови, паралелно преку изградба на спортски сали, мултинаменски игралишта, тениски терени и други спортски содржини да имаат места каде што би го започнувале остварувањето на својот спортски сон.

Read more...
 
Се изведуваат земјени работи на 2 парцели во ИЗ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Се интензивираат градежните работи во Индустриската зона Неготино. По неодамнешното стартување на работите за расчистување на теренот, деновиве градежната механизација е активна преку изведување земјени работи на 2 парцели во ИЗ Неготино. По завршувањето на овие работи следува и изградбата на стопанско индустриски капацитети од страна на инвеститорот на споменатите 2 од вкупно 17 градежни парцели. Инаку, Индустриската зона Неготино се протега на површина од 25 хектари

Read more...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Ј.П.„Комуналец“ – Неготино ги известува граѓаните на општината кои со вода за пиење се снабдуваат од водоснабдителниот систем „ЛУКАР“, декa поради активности за одстранување на дефект на главен цевовод во Кавадарци на ден 04.17.2017 г. ќе има прекин во снабдувањето со вода од 09 до 20 часот.
Ги молиме граѓаните за разбирање.
Датум                                                            Ј.П.„Комуналец“- Неготино
03.07.2017
 
ТППЕ Неготино со апел за внимателност од настанување пожари PDF Print
There are no translations available.

   Територијалната противпожарна единица од Неготино и Општинскиот противпожарен сојуз апелираат до граѓаните со оглед на фактот што настапува летниот период, а започнуваат и жетвените активности, да ги преземат сите неопходни мерки (заштитни и законски) како не би дошло до настанување на пожари. Притоа, се даваат упатства да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат догорчиња од цигари, да не се палат стрништа, да не се дозволи деца да си играат со запалливи материјали-моменти кои се најчести причинители за настанување на пожари. Со преземањето на препорачаните активности, сите ќе допринесеме да нема пожари и да не доаѓа до уништување на амтеријални добра и загрозување на човечки животи.

 
Во Индустриската зона „Неготино“ се одвиваат градежни активности PDF Print
There are no translations available.

   Лесна механизација која во прво време работи на расчистување на просторот, веќе неколку денови е присутна на терен, што пак претставува официјален старт на градежните работи во Индустриската зона „Неготино“ која е сместена во близина на Црвени Брегови, со напомена дека веќе од почетокот на наредната недела инвеститорот најавува интензивирање на активностите и воведување во работа и на тешка механизација. Станува збор за Индустриската зона „Неготино“ која се протега на простор од околу 25 хектари и на која на јавно наддавање беа продадени сите 17 понудени за продажба градежни парцели. Инвеститорот во разговор со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов потенцирал дека градежните работи ќе се одвиваат во континуитет се до коплетното оформување на инфраструктурата и изградбата на предвидените објекти.

Read more...
 
Монодрама за Никола Јонков Вапцаров PDF Print
There are no translations available.

   По повод 75 годишнината од смртта на македонскиот поет и револуционер Николка Јонков Вапцаров во Големата сала на Собранието на Општина Неготино во понеделник 29 мај со почеток од 19 часот ќе биде изведена монодрамата “Песни за татковината” на македонскиот актер Петар Темелковски. Реализацијата на овој проект со кој се одбележува важна годишнина од македонската историја е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Општина Неготино. Техничката реализација е на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов - Џинот.

 

 
<< Start < Prev 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Next > End >>

Page 188 of 314