Општина Неготино
Општина Неготино започна со реализација на Програмата Општинско корисна работа PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино од месец октомври 2017 година отпочна со реализација на Програмата  Општинско – корисна работа во соработка со Центар за вработување Неготино и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржана од страна на УНДП. Со оваа Програма се ангажирани 8 невработени лица и тоа  7 во игралните за претшколски деца во рурални средини и 1 лице во Дневен центар за стари лица во с. Тимјаник. Целта на овој проект е ангажирање и обезбедување социјална вклученост на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот преку работно ангажирање со скратено работно време заради стекнување на одредени вештини, а исто така и  зголемување на понудата на социјалните услуги согласно потребите на населението и помош за жителите на територијата на локалната самоуправа преку обезбедување на услуги од социјална сфера.
 
Во среда (29.11.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Претседателот Диме Витанов за во среда ,29-ти овој месец, свика одржување на редовна седница на Советот на општина Неготино која ќе започне од 18,00 часот со 18 точки на дневен ред за разгледување од страна на советниците. Меѓу другото, на дневен ред ќе се најдат повеќе предлог-програми и тоа за енергетска ефикасност, за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино, предлог-програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина, како и предлог-програмите за локален економски развој, за социјална заштита, образование, спорт, култура и здруженија и фондации. На дневен ред ќе се најде и предлог-оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината во 2017/2018 година, како и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Со 30 тони асфалт се санираат ударните дупки на улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино од  денеска започна со санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот. Според зборовите на градоначалникот Тони Делков, приоритет на оваа активност е даден врз основа на предлозите на населението на одржаните работни средби и сознанијата од терен дека патната инфраструктура е во лоша состојба и е потребна итна интервенција во пресрет на доаѓањето на зимскиот период. Градоначалникот информираше дека санирањето на ударните дупки започна со активности на главната улица во градот „Маршал Тито“ која впрочем е и најфреквентна за сообраќај, а ќе се продолжи со санирање на дупките и на останатите улици  каде што има потреба од интервенција, а се со цел за создавање услови за нормално одвивање на сообраќајот и овозможување поголема безбедност и за возачите и пешаците Предвидено е работници на фирмата-изведувач „Изолација“ да постават 30 тони асфалт, за што општината од Буџетот ќе издвои средства во висина од 600.000 денари. Градоначалникот Делков изјави дека во тек е изготвувањето на Програмата за работа и Буџетот на општина Неготино за 2018-та година и во истите се предвидува веќе напролет да се започне со комплетна реконструкција и санација на повеќе улици во градот кај кои се регистрирани најголеми оштетувања.

Read more...
 
Градоначалниците од ВПР ги поставија приоритетите за дејствување PDF Print
There are no translations available.

   На деновиве одржаната конститутивна седница на Советот за развој на Вардарскиот регион градоначалниците од 9 општини, меѓу кои и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, ги поставија двата приоритети за реализација во наредниот период. Изградба на регионална фабрика за третман на цврст отпад и изградба на регионален центар за третман на бездомни кучиња се предлозите кои беа едногласно усвоени од присутните градоначалници. Тие се согласија дека пред нив е период во кој треба многу да се работи за подобрување на животот на сите граѓани, а како приоритети кои треба да се решат час поскоро се изградба на регионална фабрика за третман на цврст комунален отпад со неколку претоварни станици и решавање на проблемот со кој се соочуваат сите општини-изградба на регионален центар за третман на бездомни кучиња. Инаку, во Вардарскиот плански регион велгуваат општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Лозово, Чашка, Росоман, Градско и Демир Капија.

Read more...
 
Неготино домаќин на квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита PDF Print
There are no translations available.

  Посакувајќи им на сите учесници да го дадат најдоброто од себе и да остварат што е можно подобар пласман, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го прогласи за отворен 33-иот по ред регионален натпревар од областа на противпожарната заштита на кој учество зедоа ученици од 8 општини-Битола, Крушево, Валандово, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Велес и Неготино. Самиот квиз натпревар се одржа во исклучително силна конкуренција и секој еден учесник мораше да го даде максимумот знаење и вештини за да оствари најдобар резултат. Како што беше истакнато, најдобропласираните екипи од регионалниот се стекнуваат со право  на учество на републичкиот натпревар на кој ќе се натпреваруваат најдорбите екипи од училиштата од цела Македонија. За регуларноста на натпреварувањето и за бодувањето се грижеше посебно формирана комисија составена од стручни лица од областа на противпожарната заштита. Инаку, предходно во фоајето на Центарот за култура беше отворена изложба на ликовни цртежи на тема противпожарна заштита.

Read more...
 
На јавниот повик на општина Неготино одговорија 16 спортски клубови PDF Print
There are no translations available.

  На јавниот повик за финансирање на спортските клубови од Буџетот на Општина Неготино за 2018-та година кој беше објавен минатата недела, одговорија 16 спортски колективи од општината, кои доставија план на активности и финансиска програма за наредната година. Вкупниот износ на побараните средства ќе биде дел од предлог – програмата за спорт, а по изгласувањето на истата спортските клубови од општината на почетокот на новата календарска година според точно утврдени критериуми од Советот на општината ќе добијат финансиски средства. Овие финансиски средства ќе им овозможат на спортските клубови континуирана и стабилна работа, со цел постигнување на подобри резултати и развој на спортот во Општина Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 180 of 314