Општина Неготино
Од 26 до 28 декември Новогодишна забава на градскиот плоштад во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Општина Неготино со задоволство ве поканува на градскиот плоштад во деновите од 26 до 28 декември (вторник, среда и четврток) сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и да споделиме радосни моменти. Повелете на градскиот плоштад во Неготино и уживајте во предновогодишната магија. Да ја дочекаме новата 2018 година со песна и радост во весело и пријатно расположение. Еве ја програмата со настани и активности:

Read more...
 
И покрај лошата финансиска состојба на Општината, во 2018-та ќе се реализираат бројни проекти PDF Print
There are no translations available.

На седницата на општинскиот Совет (19.12.2017) свое обраќање до советниците и до граѓаните на општина Неготино имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој се осврна на актуелната финансиска состојба во која се наоѓа општината, како и за планираните проекти за реализација во наредната 2018-та година.

 


View on YouTube
 
Во Неготино презентација за енергетската ефикасност во домовите и други објекти PDF Print
There are no translations available.

  Во четврток на 21. 12. 2017 година со почеток во 18.оо часот, во салата на општина Неготино, ќе се одржи презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и други објекти“. Презентацијата е во организација на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион.  Презентацијата  опфаќа  три дела и тоа:
Општо за  енергетската ефикасност и значење на истата
Енергетска ефикасност во домови и други објекти
Потенцијали кај нас и придобивки од енергетска ефикасност
Презентацијата ќе ја реализира раководителот на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион, Ванчо Петров и на истата се поканети и  можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.

 

Read more...
 
Честитка до КК “Спорт Тим” од Неготино-есенски прваци во Третата лига PDF Print
There are no translations available.

   Како градоначалник на општина Неготино, долгогодишен спортист и љубител на спортот, би сакал на неготинските кошаркари да им го честитам освојувањето на првото место во Третата кошаркарска лига и да им посакам успешни резултати и во пролетниот дел од натпреварувањето. Имено, по завршувањето на есенскиот дел од сезоната и деветте одиграни кола во третата кошаркарска лига, неготинските кошаркари иако новајлии во лигата, со само еден несреќен пораз и осум убедливи победи, стигнаа до титулата есенски првак во ова натпреварување и ја најавија својата кандидатура за влез во втората, исклучително силна македонска кошаркарска лига наредната сезона. Честитки за залагањето и упорноста на кошаркарите и раководството на КК “Спорт Тим”, се надеваме дека неготинската кошарка повторно ќе се врати на старите патеки и дека во иднина во Неготино ќе гледаме квалитетна кошарка, а јас како градоначалник и локалната самоуправа и понатаму ќе продолжиме со поддршката за овој спортски колектив во рамките на расположливите финансиски можности.

Read more...
 
На седница на Советот ќе се усвојува Буџетот на општина Неготино за 2018 година PDF Print
There are no translations available.

   Утре (вторник 19.12) со почеток од 17,00 часот ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино на која е предвидено советниците да го разгледаат, да дискутираат по него и да го усвојат Буџетот на општина Неготино за наредната 2018 година, одлуката за негово извршување, а ќе се разгледа и предлог-проекцијата на општинскиот Буџет за 2019 и 2020 година. Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се најде предлог-одлуката за согласност за имплементирање на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ и учество на ЈП„Комуналец“ во овој проект, одлуката за учество на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во имплементирањето на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политика на животна средина, предлог-програмата за изменување на програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2018 година, како и измените на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште. На дневен ред ќе се најдат и други точки за расправа од делокругот на работа на Советот на општина Неготино.

Read more...
 
Ќе се формира координативно тело за подобрување на состојбите со водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

   Претставници на локалната администрација, на Јавното претпријатие „Комуналец“,претставници на градежни фирми и проектантски куќи и други компетентни лица зедоа активно учество на работниот состанок кој беше инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а на кој се дискутираше за актуелните состојби со водоснабдувањето во општината и преземањето на мерки и активности за нивно подобрување. Во воведното обраќање градоначалникот Делков ги запозна присутните со досега реализираните активности и зафати за подобрување на состојбите со водата за пиење и воедно предложи насоки и правци во чии рамки би се одвивале активностите за еден од приоритетите на градоначалникот и на општината-решавање на проблемот со водоснабдувањето. За таа цел, се донесе заклучок во рамките на општина Неготино да биде формирано Координативно тело кое ќе ги следи состојбите на овој план, ќе дава предлози за спроведување и насоки за конечно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето што го имаат граѓаните на општина Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 178 of 314