Општина Неготино
Штафетната трка за мир во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија и во соработка со двете основни училишта од градот, во Неготино престојуваше штафетната трка за мир која не е од натпреварувачки карактер и има за цел промоција на меѓународниот мир. Подавајќи го факелот од рака во рака трката која поминува низ многу држави на различни континенти денеска помина по улиците на Неготино и накратко се задржа во училишниот двор на ООУ„Гоце Делчев“ каде што беше организиран пречек проследен со мала културна свеченост на која присуствуваа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и делегација на локалната самоуправа, пратеникот Ристе Ташев, директорот на училиштето Петар Мантев и други учесници во трката и заинтересирани граѓани. Организаторите информираа дека Трката за мир по 31-ви пат е присутна во Македонија, истата се одржува на 2 години, посетува 49 земји и претрчува 24.000 километри. Во пригодното обраќање градоначалникот Делков ја истакна неговата и интенцијата на општина Неготино за создавање услови за реализација на спортски активности со кои кај секој поединец ќе дојде до подобрување на моторните способности и физичката подготвеност, поттикнување за водење на активен и здрав живот на младите и формирање здрави животни навики, се во духот на максимата „во здраво тело-здрав дух“. Во знак на благодарност за гостопримливоста, организаторите на трката на градоначалникот Делков му врачија пригоден подарок.

Read more...
 
Одбележан патрониот празник на ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Со положување на свежо цвеќе на спомен-бистата на патронот на училиштето од страна на претставници на училиштето и други делегации, меѓу кои и делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино. Пригодно обраќање пред присутните за значењето на празникот и тековното функционирање на оваа образовна установа имаше директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев, а целиот настан беше проследен со поголем број на активности. Така, учениците со помош на своите наставници подготвија богата програма со која се претставија пред многубројните гости, а беа доделени и признанија на ученици.

Read more...
 
Градоначалникот Делков со поддршка за големата планинарска надеж Ване Бошев PDF Print
There are no translations available.

   Спортистите и спортските клубови секогаш ќе ја имаат мојата и поддршката на локалната самоуправа во рамките на можностите-истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во рамките на денешниот прием на големата неготинска и македонска планинарска надеж Ване Бошев. Ване и неговиот родител средбата ја искористија да го запознаат градоначалникот Делков со планот за активности на Бошев за тековнава година, истакнувајќи притоа дека оваа година Ване планира освојување на 8 врвови во Македонија и 4 во странство. Најголем предизвик ќе биде освојувањето на врвот Мармулада на планината Надолмити во Италија со височина од 3.347 метри во месец јули, како и освојувањето на 3 врвови на Бистра планина во рок од 48 часа. Градоначалникот Делков истакна дека е горд што Неготино има еден репрезент на планинарскиот спорт од калибарот на Ване Бошев, додавајќи дека и тој и неговите родители ќе ја имаат неговата и поддршката на општината. Во знак на благодарност, семејството Бошеви на градоначалникот Делков му подарија сет фотографии од највисоките освоени врвови на Ване.

Read more...
 
Општина Неготино обезбеди 20 нови контејнери PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за создавање услови за зголемување на нивото на хигиена во градот и населените места и заштита на животната околина, општина Неготино за потребите на населението обезбеди 20 нови контејнери. Истите се набавени како резултат на одличната соработка со ,,Пакомак" кој ја изврши и нивната дистрибуција, по што контејнерите од кои 10 за собирање хартија и 10 за пластика и лименки ќе бидат поставени на соодветни места. Инаку, општина Неготино има потпишано договор со Амбасадата на Унгарија во Македонија за обезбедување на уште 100 нови контејнери кои наскоро се очекува да пристигнат и да бидат ставени во функција.

Read more...
 
Известување за спортските клубови од Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот и Советот на Општина Неготино ги известуваат сите активни спортски клубови/здруженија од општината кои имаат доставено документација за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино за 2018 година, дека најдоцна до 9 март 2018 година (16.00 часот), до општината треба да достават пополнета Пријава која ќе содржи валидни и точни податоци кои се однесуваат на клубот/здружението. (Пријавата е достапна и може да ја симнете на следниот линк).

       П Р И Ј А В А 

 
Сите улици во Неготино се проодни и безбедни за сообраќај PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и градоначалникот Тони Делков уште во текот на вчерашниот ден и денеска преку фирмата задолжена за зимско одржување на улиците во градот, со работна рака и механизација и со асистенција на вработени во ЈП Комуналец, интервенираше на отстранување и чистење на снегот од улиците, што пак резултираше во моментов сите улици во градот да се проодни и безбедни за сообраќај, а исчистени се и тротоарите за непречено движење на пешаците. Најпрво беше интервенирано на главните магистрални улици согласно Програмата за зимско одржување на општина Неготино и кои се во прв приоритет и истите беа комплетно исчистени, а се продолжи со расчистувањето на снегот од сите пристапни патишта до болницата, образовните установи, детските градинки, полицијата и други објекти. Исто така, комплетно е исчистен патниот правец Д.Дисан-Г.Дисан-Вешје во должина од 12 километри. За оваа намена се фрлени 15 тони ризла и 1 тон сол, а од страна на стручните служби продолжува да се следи состојбата и доколку се јави потреба да се интервенира. Инаку, во расчистувањето се вклучија и вработени во ЈП Комуналец кои со скип, трактори и работна рака го расчистија градскиот плоштад, старата градска чаршија , тротоарите низ учиците во градот, а согласно законот и сите дуќанџии извршија расчистување на просторот пред сопствениот деловен објект. Или накратко, состојбата во општина Неготино е нормализирана и сите улици и патишта се проодни.

Read more...
 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 173 of 314