Се врши санација на оштетувањата на дел од градскиот плоштад PDF Print
There are no translations available.

   Во моментов на дел од градскиот плоштад во нашиот град се изведуваат активности за санација на оштетувањата на коцките и транвентин плочките. Имено, предходно работници на ЈП„Комуналец“ извршија обжилување на дел од дрвјата на плоштадот со што се елиминира можноста и се спречува оштетувањето на коцките. По завршените подготвителни работи, работници на „Павер трејд“ ќе извршат замена на коцките околу дрвјата и 2-те чешми на плоштадот, како и промена на оштетените травентин плочки на делови од градскиот плоштад.