Инфраструктурно се уредува УЗ 8 во Неготино PDF Печати

   Со средства добиени со посредство на Вардарскиот плански регион, а преку Бирото за регионален развој и Министерствата за локална самоуправа и за транспорт и врски, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни работи за инфраструктурно уредување на Урбаната заедница 8 во Неготино. Станува збор за потегот од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци каде што се лоцирани и функционираат повеќе стопански субјекти кои имаат потреба од уредување на овој простор со цел за полесно одвивање на нивните работни активности. Станува збор за проект со кој се уредуваат 3 улици во УЗ 8 од кои 2 ќе бидат пробиени и тампонирани, а една пробиена, тампонирана и комплетно асфалтирана. Исто така, ќе се постави и водоводна, атмосферска и фекална мрежа на целиот простор од оваа индустриска зона. Се очекува работите да завршат во рок од 4 месеци.