Се уредува просторот околу Спомен-костурницата PDF Print
There are no translations available.

   Со средства во висина од околу 4.000.000 денари започнаа градежните активности за реализација на проектот за комплетно уредување на, со децении наназад, целосно запуштениот простор околу културно-историскиот споменик Спомен костурницата во Неготино. Средствата се обезбедени од општина Неготино, Центарот за регионален развој на Вардарскиот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Согласно изготвениот проект по кој се изведуваат работите на терен, на овој простор ќе бидат уредени јавните површини околу Спомен-костурницата преку набавка и поставување на урбана опрема, уредување на скалите и изградба на пешачки патеки, изградба на фонтана, игралиште за кошарка, за одбојка на песок и шах на отворено, поставување реквизити за најмладите и други придружни елементи. Како што вели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со завршувањето на целиот проект граѓаните на Неготино ќе добијат уште едно пријатно катче каде слободно време во спортување, одмор и релаксација ќе можат да го минуваат сите заинтересирани граѓани.