Се градат две тениски игралишта во населбата Саат-кула PDF Печати

   Веднаш до постоечкото  и новоизградено мултифункционално игралиште и комплетно реконстриураниот забавен парк во населбата Саат-кула, деновиве интензивно течат градежните работи за изградба на две тениски игралишта со тврда подлога-проекто кој општина Неготино го реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт на РМ. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов информираше дека ќе се градат две тениски игралишта со димензии 37 на 37 метри квадратни, истите ќе бидат со тврда подлога, просторот околу нив ќе биде ограден, а ќе биде поставено и осветлување за терените да можат да се користат и во вечерните часови. Со завршувањето на проектот, додаде Апостолов, спортистите, рекреативците и другите заинтересирани граѓани покрај земјените тениски терени во склоп на СРЦ Младост ќе имаат на располагање и терените со тврда подлога и самите ќе можат да избираат каде ќе играат тенис. Со изградбата на двојниот тениски терен, се заокружува проектот за изградба на спортско-рекреативен простор во населбата Саат-кула кој до пред извесен период беше комплетно запуштен и оставен на „забот на времето“, а сега претставува пријатно катче за одмор и релаксација на повеќе генерации неготинци.