Во Неготино по 5-ти пат се спроведе акцијата „Македонија без отпад“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата Ајде Македонија денеска во Неготино по 5-ти пат се реализираше акцијата „Македонија без отпад“ кој има за цел да придонесе преку расчистување на ѓубре и смет од повеќе локации да имаме почиста и поздрава животна средина и околина. Во денешната акција се вклучија ученици од двете основни и средното училиште од градот, здруженија на граѓани, претставници на јавната администрација, екипи на ЈП Комуналец и други заинтересирани граѓани  кои од смет го исчистија целиот простор во и околу Спортско рекреативниот центар „Младост“ кој претставува собиралиште на голем број спортисти, рекреативци и други граѓани кои овде во спортување, одмор и релаксација поминуваат дел од слободното време, додека од отпад беше исчистен и просторот околу СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Во акцијата се вклучи и во расчистување даде сопствен придонес и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека е горд на овие млади луѓе кои беа активни во акцијата за расчистување на отпадот, додавајќи дека нивниот пример треба да го следат сите граѓани, а со единствена цел да имаме почиста и поздрава животна средина. Во денешната акција со механизација и работна рака се вклучија и вработени во ЈП Комуналец кои беа ангажирани на расчистување и отстранување на дивата депонија во близина на спортскиот центар Младост.