Традиционалната акција „Македонија без отпад“ во сабота во Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Во сабота на 1-ви октомври во нашиот град во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и асоцијацијата „Ајде Македонија“ ќе се реализира традиционалната акција за почиста животна средина и околина „Македонија без отпад“. Организаторите информираат дека акцијата ќе се спроведува во времето од 09 до 12 часот при што со активности за чистење ќе биде опфатен просторот околу СРЦ Младост и околниот предел. Во активностите за расчистување на просторот ќе се вклучат заинтересирани граѓани, ученици од основните и средното училиште, јавната администрација, здруженија на граѓани, како и екипи на ЈП Комуналец со соодветна механизација и работна рака. Притоа, учениците и останатите учесници во акцијата „Македонија без отпад“ ќе бидат ангажирани за расчистување на локациите околу СРЦ Младост, додека екипите на ЈП Комуналец ќе ја расчистуваат дивата депонија настаната на овој простор. Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат кај лицата Митко Толовски на телефонскиот број 076/212-094 и Бранко Вељанов на 070/376-749.