Доделени над 100 ваучери за новороденчиња PDF Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост која се одржа во големата сала на општина Неготино со доделувањето на нови над 100 вредносни ваучери беше одбележан јубилејот – 3 години од започнувањето на проектот за стимулирање на наталитетот во општина Неготино . Денеска беа доделени 99 ваучери за новороденчиња, како и 5 ваучери за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. „Од август 2013-та година кога започна примената на мерката за стимулирање на наталитетот,  а која општина Неготино ја воведе како втора по ред локална самоуправа во Македонија, во изминатиот период од 3 години доделивме над 600 вредносни ваучери во вредност од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 14.000 денари  за семејствата кои имаат трето дете и 30.000 за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак“-истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на денешната пригодна свеченост на која беа доделени нови над 100 ваучери и на која беше одбележана 3-годишнината од започнувањето на проектот. Со истиот, потенцираше Апостолов, успеавме да ја зголемите стапката на наталитетот во општина Неготино за околу 20 отсто, а задоволството од проектот редовно го искажуваат и самите корисници на ваучерите кои додаваат дека за нив како млади родители секоја финансиска поддршка е добредојдена, па така и оваа која ја доделува општината. Градоначалникот најави дека реализацијата на овој проект ќе продолжи и во наредниот период.