14 екипи учествуваат на уличниот турнир во кошарка PDF Печати

   Започна одржувањето на 9-иот по ред традиционален турнир во улична кошарка во Неготино кој го организира локалната самоуправа и чиј покровител е градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Според зборовите на организаторите, оваа година на турнирот учествуваат 14 екипи во три категории и тоа машка-сениори над 18 години, машка-јуниори под 18 години и во женска конкуренција. Турнирот ќе трае заклучно со утрешниот ден (вторник) кога во вечерните часови ќе се одиграат натпреварите за пласман по што ќе бидат познати и најуспешните екипи и поединци. Наградниот фонд изнесува над 30.000 денари-средства кои ќе бидат распределени во зависност од остварениот пласман.