Tурнир во улична кошарка “Street Ball 2016” PDF Печати

   Во рамките на манифестацијата “Negotino Street Fest 2016”, Општина Неготино оваа година по деветти пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2016”. Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот кој ќе трае 3 дена – 28, 29 и 30 август (недела, понеделник и вторник), започнува на 28 август (недела) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов. Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 075/553-800, најоцна до 28 август (до 17 часот). Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува преку 30.000 денари.