И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино секој работен ден има организирано автобус кој ќе поаѓа во 08,00 часот од центарот на градот од пред единаесеткатницата и со кој ќе се превезуваат сите граѓани кои ќе пројават интерес да помогнат во расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме кое зафати делови од градот Скопје. Токму затоа, се информираат граѓаните дека нема потреба да носат алат со себе, бидејќи истиот ќе им биде обезбеден по пристигнувањето во кризните подрачја, туку само треба да бидат соодветно облечени во работнички алишта. Организаторите истакнуваат дека секоја помош е добредојдена и упатуваат јавен апел до сите граѓани од општина Неготино кои можат, да се вклучат и да дадат сопствен придонес во расчистувањето на поплавените подрачја.