Посета на поплавените семејства во Пепелиште PDF Печати

   Обилните врнежи од дожд кои и на нашето подрачје беа присутни деновиве предизвикаа штети на повеќе домови на жители  на селото Пепелиште. Наврнатите над 50 литри на метар квадратен поплавија домови, уништија покуќнина, бела техника, земјоделски површини  и друго.Тоа беше повод градоначалникот Ванчо Апостолов да го посети селото, да изврши увид на штетите на домовите на настраданите семејства и најдиректно на терен да поразговара со месното население и да се запознае со нивните проблеми. Градоначалникот ги информираше жителите кои имаат штети од невремето дека до општина Неготино можат да достават пријава за проценка на штетите, а локалната самоуправа веќе има формирано стручни комисии кои ќе излезат на терен и ќе извршат увид и проценка на настанатите штети. Потоа, општина Неготино во соработка со Владата на РМ ќе се ангажира сите жители кои имаат претрпено штети да бидат соодветно финансиски обесштетни.