Прием за Ване Бошев кој ќе го освојува највисокиот врв во својата кариера PDF Печати

   Пред заминувањето на 8-дневната планинарска турнеја во Австрија и Германија, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет ги прими младиот Ване Бошев и неговиот родител Орданчо со кои се задржа во краток разговор информирајќи се притоа за престојните планинарски активности на Бошеви. Градоначалникот Апостолов од страна на гостите беше запознат дека Ване ќе се обиде да го освои највисокиот врв во својата кариера Гросвендингер на надморска височина од 3.666 метри со што ќе стане најмладиот планинар од Европа кој го овоил истиот, а паралелно ќе се искачува и на два врвови во Германија и тоа Чукспитс на 2.962 метри и Алспиц на 2.674 метри надморска височина. Апостолов кој континуирано ги поддржува планинарските потфати на Ване со кои се афирмира општина Неготино и Република Македонија му посака успешно искачување на планираните три врвови, со желбо во скоро време по завршувањето на оваа планинарска турнеја да стигне вест дека Ване успеал да ги искачи трите врвови. Инаку, младиот Бошев и неговиот татко од Неготино тргнуваат на 4-ти август, на 5-ти со уште 1 планинар од Охрид застануваа во Предијане од каде заедно со уште четворица српски планинари предводени од искусниот Зоран Павловиќ заминуваат за Австрија и Германија каде што во период од 8 денови ќе се обидат да ги освојат овие три врвови.