Поставен финалниот слој асфалт на патот Неготино-Криволак PDF Печати

  Со поставувањето на финалниот слој асфалт, заврши проширувањето и асфалтирањето на еден од најфреквентните и најкритични патни правци на подрачјето на општината од Неготино до Криволак во вкупна должина од 3 километри, со што е исполнето уште едно ветување на градоначалникот Апостолов.  На завршните работи им предходеа  подготвителни работи кои се однесуваа на гребење на стариот асфалт, поставување на дренажа на неколку локации и изградба на потпорни зидови, по што работници на фирмата-изведувач Ве-група од Радовиш започнаа со асфалтирање  патот  од мостот на Вардар каде што се раздвојува патот кон Пепелиште се до центарот на Криволак. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов работите се одвиваа според  однапред утврдената динамика, при што најпрво се врши проширување и асфалтирање на неасфалтираниот дел од патот со цел наместо постоечките 3,2 метри истиот да биде со ширина од 5,5 метри и овој дел од работите се изврши  со поставување на слој од 8 см асфалт, додека на постоечкиот патен правец на кој беше спроведено гребење на стариот,  се постави нов слој асфалт од 5 см, а во моментов се одвива поставувањето на  еластична ограда покрај патот во должина од 1.260 метри.