ДТВ Партизан оди во историја, ќе се гради модерен станбено-деловен комплекс PDF Печати

   Локалната самоуправа објави отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ по пат на електронско јавно наддавање на кое можат да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица од земјава и странство. Фактите говорат дека постои огромен интерес за купување на ова градежно земјиште и се очекува на лицитацијата да учествуваат голем број на заинтерсирани субјекти. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов информира дека по завршувањето на сите законски процедури, руинираната сала на ДТВ Партизан ќе се  урива и на нејзино место потенцијален инвеститор ќе гради модерен и современ станбено деловен комплекс кој во целост ќе го смени ликот на овој дел од центарот на Неготино во позитивна конотација. Станува збор за продажба на неизградено земјиште на извонредно атрактивен простор на површина од 1.268 метри квадратни, со катност П+4, со почетна цена од 1.040 денари за метар квадратен и со намена А2-домување во станбени згради со компатибилна намена за комерцијални и деловни објекти. Апостолов апелира до бизнис-секторот од општината, регионот и од цела Македонија да земат учество на јавното наддавање и  да ја искористат можноста да добијат извонредно атрактивен простор за градење, а тоа можат да го сторат со поднесување пријава за учество на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk најдоцна до 8-ми август.