Честитка од градоначалникот Апостолов по повод Рамазан Бајрам PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов до сите припадници на Исламската верска заедница кои живеат на територијата на неготинска општина упати честитки по повод празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на 30-дневниот рамазански пост. Во честитката Апостолов истакнува дека овој празник е радост за сите муслимански верници и претставува поттик за остварување добри односи со најблиските и пријателите, со желби и овој Рамазан Бајрам да придонесе за негување на духовните вредности и меѓусебно почитување и соработка. Градоначалникот Апостолов на сите верници од општина Неготино кои го празнуваат Рамазан Бајрам им посакува деновите на овој голем празник да ги поминат во добро здравје и во кругот на семејствата.