Ќе се асфалтира улица во Криволак во должина од 300 метри PDF Печати

   Покрај проширувањето од 3,2 на 5,5 метри и асфалтирањето на 3 километри од патниот правец Неготино-Криволак, градежни работи чие одвивање е во тек и се очекува да заврши за десеттина денови со комплетно асфалтирање на овој доста фреквентен пат, со претставници на фирмата изведувач Ве-група од Радовиш договорено е да се изврши асфалтирање на една од најоштетените улици во Криволак. Станува збор за улица во должина од 300 метри чии жители со огромна радост ја дочекаа веста која им ја соопшти градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, бидејќи како што рекоа и во лето и во зима имаат огромни проблеми при движењето по оваа улица. Асфалтирањето на улицата ќе започне по завршувањето на патот Неготино-Криволак, а предходно  работници на ЈП Комуналец ќе извршат санација на потегот кај каналската мрежа за потребите на блиските земјоделски површини-вода која се излева и им прави проблеми на жителите од оваа улица.