Потисниот цевковод завршен, финишира изградбата на резервоарот за вода во Пепелиште PDF Печати

   Работници на фирмата изведувач Жикол од Струмица секојдневно се работно ангажирани на терен и ги изведуваат завршните работи од изградбата на нов резервоар за вода за потребите на жителите и правните субјекти од Пепелиште и поставување на потисен цевковод. Како што бевме информирани, работите за поставување на  потисниот цевковод се веќе завршени, а за кратко време ќе финишира и изградбата на резервоарот кој е со зафатнина од 250 м3 вода. Ако се има предвид сведочењето на жителот на селото Раде Ангелков дека досега им биле потребни од 40 до 50 метри кубни вода, повеќе од јасно е дека новите 250 м3 што ќе им бидат ставени на располагање ќе бидат доволни за задоволувањето на сите потреби од квалитетна вода за пиење за целото село, а доколку одредени количини остануваат, истите ќе бидат пренасочувани за задоволување на потребите на граѓаните од Неготино. Потребните финансиски средства за реализација на овој проект се обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски во Владата на РМ.