Се проширува и асфалтира патот Неготино-Криволак PDF Печати

   Од денеска започнаа работите за проширување и асфалтирање на патниот правец од Неготино до Криволак во должина од 3 километри. Увид на работите на лице место изврши градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го искажа задоволството од одвивањето на работите според утврдената динамика, при што најпрво се врши проширување и асфалтирање на дел од патот со цел наместо постоечките 3,2 метри истиот да биде со ширина од 5,5 метри и овој дел од работите се извршува со поставување на слој од 8 см асфалт, додека на постоечкиот патен правец на кој беше спроведено гребење на стариот, ќе се постави нов слој асфалт од 5 см. Исто така, изградени се потпорни зидови, поставен е дренажен систем, а ќе се постави и еластична ограда покрај патот во должина од 1.260 метри. Според одговорните од фирмата изведувач, се очекува овој проект за асфалтирање на патот Неготино-Криволак да биде завршен во наредните 10-тина денови, со што општина Неготино ќе добие модерен и современ пат кој ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.