Прием кај градоначалникот Апостолов за светскиот вицепрвак Тоше Зафиров PDF Печати

   „Секогаш сум исполнет со гордост кога спортисти или спортски клубови од општина Неготино постигнуваат одлични резултати на домашни и меѓународни натпреварувања, бидејќи освен нивната афирмација на личен план придонесуваат и за афирмација на Неготино и на Република Македонија. Еден од таквите спортисти кои конинуирано остваруваат значајни постигнувања надвор од границите на нашата држава секако е и нашиот сограѓанин Тоше Зафиров кој на Светското првенство во боди билдинг одржано во Копер-Словенија го освои одличното второ место во мошне силна конкуренција на 16 учесници во тешка категорија и со тоа уште еднаш не направи горди што токму од Неготино излезе спортист кој има врвни остварувања“-истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на приемот за двојниот светски вицепрвак во бодибилдинг Зафиров во неговиот работен кабинет. Како што истакна Зафиров, на ова Светско првенство конкуренцијата била мошне силна со учество на 300 натпреварувачи од 44 држави, а тој во својата категоријата го освоил второто место со што го повторил успехот од Светското првенство во Рим 2012 година кога исто така ја освои вицешампионската титула. Градоначалникот Апостолов додаде дека како и досега, така и во иднина, спортистите и спортските клубови од општина Неготино ја имале и ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа.