Викендов започнува асфалтирањето на патот Неготино-Криволак PDF Печати

   Во моментов работници на фирмата изведувач Ве-груп ги изведуваат подготвителните градежни работи – гребење на асфалт, поставување потпорни зидови и цевки за одвод, по што се очекува веќе престојниот викенд да започне асфалтирањето на патот Неготино-Криволак. Според градоначалникот Ванчо Апостолов, станува збор за сфалтирање на 3 километри од овој патен правец до центарот на селото со средства во висина од 20.000.000 денари обезбедени во соработка со Министерството за транспорт и врски. Новиот патен правец ќе има карактеристики на регионален пат и ќе биде со ширина од 5,5 метри со што ќе се придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот од Неготино до Криволак, бидејќи во минатото токму на овој потег се имаа случено неколку потешки сообраќајни несреќи. Апостолов апелира до возачите да имаат разбирање бидејќи поради одвивањето на работите на патот сообраќајот се одвива отежнато, но додава дека по завршувањето на сите градежни работи, ќе се добие нов, современ, проширен и асфалтиран пат од Неготино до Криволак.