Во Неготино започна Државното првенство во кик бокс PDF Печати
  Извонредно атрактивен спортски настан ќе се одржи овој викенд на 18 и 19 јуни (сабота и недела) во Неготино во спортската сала Младост. Имено, нашиот град е домаќин на Државното првенство во кик бокс во три конкуренции-сениорска, јуниорска и кадетска на кое настапуваат најдобрите кик боксери од Република Македонија, се разбира секој во својата категорија. Организаторот на овој настан кој се одвива под водителската палка на најдобриот шоумен во нашата држава Игор Џамбазов е Кик боксинг федерацијата на Македонија со техничка поддршка на Кик бокс клубот „Гладијатор“ од Неготино и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. На свеченото отворање на Државното првенство и почетокот на борбите градоначалникот Апостолов истакна дека е горд што токму во Неготино се одржува еден ваков значаен спортски настан кој е подржан од него и од локалната самоуправа, како што впрочем подрѓка добиваат сите спортски клубови и спортисти од општина Неготино. Апостолов кој го прогласи натпреварувањето за отворено на сите учесници им посака успех на спортски план со желби да победат најдобрите. Инаку, Државното првенство има и хуманитарен карактерр со тоа што приходот од сите продадени влезници по цена од 50 денари ќе бидат донирани за лекување на нашиот сограѓанин Илија Таневски.